Како изгледаат хороскопските знаци додека го чекаат автобусот што доцни?

Замислете ги сите 12 знаци како се пакуваат и тргнуваат на заедничко патување. Додека за некои ова е авантура, за други е кошмарен сон.

Horoskopski-znaci-avtobus-koj-docni-01.jpg

12 луѓе, 12 различни карактери… како ќе реагираат тие додека го чекаат автобусот кој доцни на автобуската станица?

Овен: Добро, што се случува со превозникот, досега можев да купам автобус, да го размонтирам, повторно да го составам и да го довезам до станицата.

Јарец: Расклопувањето би можело да оди малку тешко. За тоа ви е потребен експерт.

Лав: Кој ме повика? Јас можам да ви покажам како оди тоа во теорија, но некој друг ќе мора да го реализира.

Девица: Ако нешто не можеш да направиш сам до крај, губи ми се од пред очи!

Овен: А кој вели дека ми е потребна нечија помош?

Вага: Ве молам, да ја смириме тензијата, ова не мора да биде уште толку понепријатно, само доколку се забавуваме едни со други.

Близнаци: Кој спомна забава? Имам идеја, ајде да ги измешаме броевите на пероните и возачот да не знае каде треба точно да застане?

Стрелец: Конечно, една добра идеја.

Јарец: Ајде ве молам бидете сериозни. Не е тоа од дедо ви, па да правите што сакате. Почитувате ли бре луѓе правила некогаш?

Бик: Овде човек нема ни сендвич каде да си купи.

Вага: Ако ви е за утеха, барем не сме сами.

Скорпија: Самотијата е половина здравје.

Водолија: Не може да ме утеши фактот што чекам во група со 11 луѓе со коишто немам НИШТО заедничко. Ова е само губење на време.

Риби: Ама од секој може да се научи по нешто.

Вага и Девица: Каде ви се манирите на доброто однесување?!

Рак: Сè е тоа до домашното воспитување. Во мое време не се разговараше на овој начин со луѓето.

Овен: Да ви кажам искрено, ќотекот излегол од рајот.

Близнаци и Стрелец: Ќе правиме нешто интересно или?

Девица и Јарец: Интересно ќе биде, на пример, да се почитуваат правилата во оваа држава и автобусите да не доцнат.

Водолија: Ако некој е заинтересиран да преземе конкретни чекори, а не само да зборува напразно, знам некои луѓе кои можат да го решат проблемот. Ќе им се јавам и завршена работа.

Лав: Јас се обложувам дека знам побитни луѓе од тебе.

Скорпија: Џабе ви е што знаете толку многу луѓе кога не се познавате себеси.

Рак: Се плашам дека ќе останеме тука до доцна навечер. Ќе бидеме принудени да преспиеме на клупите, а тоа не е безбедно.

Бик: Нема шанси да се случи тоа. Јас да спијам на овие штици?

Овен, Јарец и Стрелец: Ехххх, ние досега каде не сме преспале…

Риби: Ако некој сака да се покрие со нешто, носам поларно ќебе во ранецот.

Девица: Како мислиш да се покријам со туѓо ќебе, ти сериозен си?

Близнаци: Никој нема да спие, тоа е чисто губење на време. Довечер којзнае каде ќе бидеме сите.

Вага и Водолија: Додека чекаме, можеме да прошетаме низ автобуската станица, да запознаеме некои интересни луѓе?

Скорпија: Јас ќе бидам во ресторанот ако му требам на некого.

Риби: Те молам почекај ме, доаѓам и јас…

Рак: Ах, би се напил и јас нешто, ама не можам, имам проблеми со гастритисот, и мене не ми е лесно…

Девица: Сега ќе ти помогнам (вади цела аптека од патната торба и пребарува по лековите).

Јарец: Мислам дека во моментов најважно е да го пронајдеме одговорниот за овој хаос и сериозно да поразговараме со него.

***

Автобусот после долго време конечно пристигнува на станицата. Овенот, Лавот и Јарецот се расправаат со возачот поради доцнењето. Стрелецот и Близнаците си нашле приватен превоз и веќе одамна се заминати.

Скорпијата ја изнесува пијаната Риби од ресторанот, а ги следи Ракот замотан во омиленото ќебе бидејќи чувствува дека полека настинува. Вагата и Водолијата имаат веќе запознаено тројца луѓе кај кои може да преноќат кога одат некаде на пат, два животни партнера, симпатија и еден бизнис партнер. Бикот седи на истото место каде што се сместил од самиот почеток во автобусот, без никаква намера да се помести.

Девицата веќе има потрошено цело пакетче влажни марамчиња со цел да го избрише куферот, седиштето и себеси, а во себе си го пцуе возачот, компанијата на превозници, државата и општеството.

Сите, освен Близнаците и Стрелецот, влегуваат во автобусот и полека ја напуштаат автобуската станица.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg