Како секој хороскопски знак ќе ги „преживее“ празниците?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
rabota vo kujna 08-08-2020


Како секој хороскопски знак ќе ги „преживее“ празниците?

Да, празниците штотуку почнаа, а веќе размислуваме како ќе ги преживееме...

kako-sekoj-horoskopski-znak-ke-gi-prezivee-praznicite-1.jpg

Сепак, треба да се подготвиме на време. Па, како вашиот хороскопски знак ќе се избори со празничното лудило?

Овен

Овните сте познати по тоа што имате „краток фитиљ,“ па треба подобро да се контролирате. Знаете дека владее празнично лудило и мора да имате трпение.

Ако имате некои посериозни планови, завршете го тоа сега, затоа што половина јануари работите ќе мируваат. Вдишете длабоко, избројте до 10 и верувајте дека сè ќе биде добро.

Бик

Не сте нешто претерано воодушевени од фактот дека доаѓаат празници, бидејќи ве нервираат гужви. Но, знаете како полесно ќе го надминете хаосот?

Така што добро ќе се најадете. Почастете се со вкусни рецепти и нека ви биде гајле за сè останато.

Близнаци

Советот кој Близнаците треба да го применат за да поминат мирни празници е да водат сметка со кој се дружат.

Доколку се дружите само со блиските пријатели, ги намалувате шансите за празнични тензии. Уживајте максимално во удобноста на домот, семејството и одбраните пријатели.

kako-sekoj-horoskopski-znak-ke-gi-prezivee-praznicite-2.jpg

Рак

Празниците во вас секогаш будат некоја носталгија и емоции. Сакате да им угодите на сите и се грижите за ситници, па тоа негативно ви влијае на расположението.

За да не „пукнете“ и да не се расплакате на дочекот на Нова година, обидете се да поминете повеќе време сами со себе и да одбиете неколку покани за дружби. Бидете селективни.

Лав

Лавовите обожаваат целото внимание да биде насочено кон нив, но тоа е речиси невозможно за време на празниците. Да, ќе имате многу подароци на кои ќе се радувате, но не и луѓе кои ќе ве стават на пиедестал.

Тоа не смее да влијае на вашето его и мора да се утешите дека работите се такви какви што се само привремено, уште некоја недела. Штом елката ќе се раскити, повторно ќе бидете главна ѕвезда.

Девица

Девиците како Девици, сакаат да ги држат работите под контрола. Нивната празнична забава сакаат да биде совршена, но сепак мора да сфатите дека луѓето не се кукли кои играат во вашата претстава.

Затоа, сместете се удобно на фотелјата и дозволете им на луѓето да прават што сакаат. Празниците траат релативно кратко, па напијте се и пуштете ги конците.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Практични совети за секој хороскопски знак Хороскопскиот знак има огромно влијание врз карактерот на личностите и начинот н...
Лавот не добива комплименти, Близнаците премногу анализираат - зошто на секој знак му е претешко да ... Некои самотијата ја преживуваат лесно. Дури и се шегуваат на сопствена сметка де...
Годишен хороскоп за 2018-та - Вага Во оваа година мора да обрнете повеќе внимание на здравјето, додека не е доцна. ...

Најчитани неделава