Девицата ќе ви ја среди кујната и ќе ужива во тоа: 7 причини поради кои ги сакаме секој од знаците

Секој од 12-те знаци во зодијакот има свои позитивни карактеристики кои го издвојуваат од останатите. Сите ние имаме свои фаворити кога станува збор за хороскопските знаци, некои сакаме да се дружиме со Бикови, други пак обожуваме Риби.

7-pricini-poradi-koi-gi-sakame-sekoj-od-znacite-01.jpg

Прочитајте ги седумте причини поради кои ги сакаме секој од знаците:

ОВЕН

1. Животот го прават возбудлив.

2. Секој момент им е важен во нивниот живот, а ваквата енергија им ја пренесуваат и на другите.

3. Ако ви треба партнер за луда авантура, Овенот е вистинскиот знак за тоа.

4. Не е злопамтило, може да се скарате, но за 5 минути ќе заборави на караницата.

5. Доколку направите нешто убаво за нив, тие се во состојба до скокнат до таванот од среќа.

6. Доколку некој ве налути, Овенот прв ќе застане во ваша одбрана.

7. Се вљубуваат брзо и страсно, па нивните партнери имаат навистина незаборавно искуство со нив.

БИК

1. Бикот е некој што сака многу да се гали.

2. Многу се лојални, што ги прави одлични пријатели.

3. Биковите се искрени, не умеат да се преправаат.

4. Доколку чувствувате вина затоа што сте посегнале по уште еден ред чоколадо, Бикот ќе ви каже дека вие го заслужувате тоа и ќе ви донесе и чаша млеко за чоколатцето.

5. Секогаш сте добредојдени во домот на Бикот.

6. Ќе ви помогне во реализацијата на вашата идеја со тоа што ќе ви даде реална перспектива и практични совети.

7. Бидејќи и самите се големи хедонисти, покрај Биковите и вие ќе уживате во животот.

БЛИЗНАЦИ

1. За дискусија и анализи, Близнаците се одлични соговорници.

2. Обожаваат нови луѓе и ситуации, па честопати со нив ќе си ги проширите видиците.

3. Доколку не ви се допаѓа некоја нивна страна, без грижа – утре ќе се чувствувате поинаку.

4. Паметни и многу начитани, Близнаците се навистина добри партнери во некој квиз на знаење.

5. Поради нивната отвореност не мора да се трудите премногу со цел да ги запознаете.

6. Делуваат многу позитивно на сè околу нив и постојано ги поттикнуваат другите на некаква активност.

7. Одлични се за забава.

РАК

1. Од Раковите зрачи нежност и интерес за луѓето околу нив.

2. Ракот секогаш ќе се труди да им угоди на другите луѓе.

3. Имаат неверојатен инстинкт, веднаш ќе препознаат доколку нешто не е во ред со вас, без разлика дали сте тажни или пак лути.

4. Доколку Ракот ве праша како сте, тој навистина сака да бидете искрени со одговорот.

5. Нивната изопачена смисла за хумор пријатно ќе ве изненади.

6. Ракот поседува внатрешна сила покрај која ќе се чувствувате безбедно и заштитено.

7. Ракот отворено ќе ви (по)каже колку ве сака и колку му значите.

ЛАВ

1. Во сите сегменти од животот, Лавот внесува адреналин и забава.

2. Лавот го сака животот и луѓето, а неговиот ентузијазам е заразен.

3. Тој е вистински романтичар и ќе ве научи да ги цените ситните знаци на внимание и сета убавина на љубовта.

4. Лавот е многу заштитнички настроен кон луѓето коишто ги сака.

5. Шармот на Лавот ќе му помогне да се извади од каква било незгодна ситуација.

6. Доколку Лавот се вљуби во вас ќе се чувствувате како најубавото и најпожелното суштество на планетата.

7. Лавот може да им делува чудно на луѓето кои не го познаваат добро.

ДЕВИЦА

1. Припадниците на овој знак се длабоки, чувствителни и промислени луѓе.

2. Во моментот на неволја, Девицата прва ќе чукне на вашата врата уште пред да ѝ јавите дека ви е потребна помош.

3. Девицата ќе ви помогне да го средите плакарот, кујната или гаражата – и тоа ќе ѝ биде мошне забавно, ќе ужива во процесот на средување.

4. Девицата никогаш нема да мора да ја чекате, таа секогаш пристигнува 5 минути порано од сите.

5. Сака да биде известена за сè или оди во друга крајност и се повлекува длабоко во себе,

6. Секогаш се добро организирани.

7. Девицата секогаш има план за дејствување поради што драстично се разликува од сите останати знаци.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg