Овните секогаш ја зборуваат вистината, Ракот лаже само за да заштити некого – кој е најголемиот лажго во зодијакот?

Во зависност од ситуацијата во која се наоѓаме, понекогаш е потребно да излажеме со цел да се снајдеме полесно. Некои знаци го прават тоа вешто, им доаѓа просто природно.

Koj-e-najgolemiot-lazgo-vo-zodijakot-01.jpg

Други пак имаат проблем да излажат, самата помисла на изговорена, макар и ситна, „бела“ лага им прави немир.

Кој од знаците е всушност најголемиот лажго?

Овен – секогаш ја кажува вистината, во тоа може да бидете 100%. Овните го кажуваат првото нешто што ќе им падне на памет и од другите очекуваат да се однесуваат на истиот начин. Ним не им е битно дали некого ќе го повредат, доколку му ја кажат вистината во лице.

Бик – родените во знакот на Бик избегнуваат да лажат, со цел додатно да не се вовлечат во некоја неволја, која подоцна ќе им предизвика повеќе проблеми во животот. Но, понекогаш, иако ретко, им се случува несвесно да изговорат некоја лага или да излажат само доколку некој ги натера да го сторат тоа.

Близнаци – бидејќи се трудат да им се допаднат на сите околу нив и да им удоволат, честопати им се случува на Близнаците да излажат. Понекогаш може да станува збор за некоја мака, невина лага, додека другпат за нешто многу сериозно. Ова се случува затоа што самите Близнаци не умеат да направат разлика помеѓу мала и ГОЛЕМА лага.

Рак – Ракот лаже само кога не сака да повреди некого. Ќе ја каже целосната вистина само доколку процени дека таа нема да повреди ничии чувства. Доколку кај него постои и најмал сомнеж дека некој ќе остане повреден или ќе се расплаче од она што Ракот ќе го каже, во моментот ќе смисли каква и да било лага, само за да има „мир во куќата“.

Лав – никогаш нема да ве излаже, макар тоа да биде последното нешто што ќе ви го каже во животот. Секогаш ќе ви ја каже вистината, каква и да е таа, бидејќи Лавот смета дека тоа е најдобриот избор. Не сака никому да нанесе зло, но секогаш смета дека вистината е над сè, без оглед на последиците.

Девица – кога е потребно и кога Девицата се чувствува загрозено, таа ќе изговори лага. Ако треба да се одбрани себеси или сопствените аргументи, таа сигурно ќе ве излаже, но доколку се посомнева дека ќе биде откриена, малку ќе ја ублажи лагата, со примеси на вистината.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg