Патот до нивното срце е трнлив, тешка задача е да ги освоите овие 3 знаци

Овие 3 знаци се водени од умот и рационалното, не од срцето. Тие се типичен пример на луѓе за кои треба да вложите многу труд за да ги освоите. 

Teska-zadaca-e-da-gi-osvoite-ovie-3-znaci-01.jpg

Ова понекогаш умее да биде напорно и дестимулативно.

Кои се т.н. „ледени срца“ на зодијакот?

Јарец

Потребно ќе ви биде многу повеќе од обична упорност да го освоите срцето на еден Јарец. Упорниот на крајот може да добие и лоша етикета – здодевен и наметлив.

За да го освоите Јарецот ќе ви биде потребна добра стратегија, но и многу трпение. Јарецот воедно сака амбициозни и посветени луѓе, па доколку сте од оние кои сакаат да си поспијат подолго и да не работат речиси ништо, заборавете на нив.

Девица

Доколку не сте доволно уредни и педантни можете веднаш да заборавите на Девицата како потенцијален партнер. Таа има одлично око за детали, секој ваш чекор ќе биде добро анализиран и верувајте дека баш ништо нема да ѝ побегне од видот. 

Доколку се обидувает да ги исполните нејзините критериуми добро би било да се запишете на јога со цел да си ги сочувате нервите, а нема да биде лошо да си го збогатите и речникот со цел да ја импресионирате со нови, „тешки“ зборови.

Водолија

Синонимот за Водолијата е зборот слобода. Далеку од тоа дека Водолијата не умее да сака, но нивната љубов е малку неконвенционална. Тие не се вклопуваат во ниту еден шаблон и најдобро ги опишува зборот необични.

Потребно е да го следите нивното брзо темпо и постојаната потрага по нешто ново и возбудливо или многу лесно ќе потклекнете и нема да ја исполните својата мисија – освојувањето на нивното срце.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...

Најчитани неделава