Ретроградниот Меркур ќе трае до 11 април – Што ќе му се случи на секој од знаците?

Ретроградниот Меркур стана синоним за шега и објаснување за сите работи кои тргнуваат наопаку во нашите животи. 

Retrogradniot-Merkur-ke-trae-do-11-april-01.jpg

Започна на 3 февруари, а ќе трае до 11 април 2020 година. Ова значи дека во назначениот период се зголемува ризикот од големи грешки, недоразбирања, збунетост.

Ретроградниот Меркур во Риби означува дека сме склони кон повеќе грешки и не е препорачливо да се купуваат поголеми работи, да се вложува во нешто сериозно или да се потпишуваат договори во овој период.

Дознајте што друго ве очекува во движењето на ретроградниот Меркур во знакот на Риби според вашиот хороскопски знак:

Овен

Ве очекува многу напорен период и честопати ќе бидете лути и нервозни. Ќе бидете постојано под притисок и нема да сте сигурни во ниту една одлука којашто ја носите. Ретроградниот Меркур ве предупредува да обрнете внимание на вашите соништа, бидејќи тие ќе ви дадат интересни и вредни насоки за следење.

Се препорачува во овој период да почнете да шетате почесто, да се посветите на медитација, на активности коишто ве опуштаат. Поминувајте го вашето слободно време покрај река, езеро или на море, бидејќи водата има чудесна моќ на смирување.

Бик

Ретроградниот Меркур на вашиот знак ќе му донесе зголемена енергија. Токму поради тоа ќе им станете главна потпора и поддршка на сите ваши пријатели во овие мрачни денови. Важно е да размислите во која насока (ќе) се одвива вашиот живот, која е вашата животна визија и во кој правец сакате тој да се одвива понатаму.

Отфрлете го сето она што не ви е важно и дозволете си малку да сонувате. Визуелизирајте ги своите желби и дозволете да ви се приближи енергијата на изобилството и задоволството.

Близнаци

Ве очекува прилично тежок период, а во него до израз ќе дојдат вашите недостатоци, особено на работното место. Ќе ви се вратат некои недовршени проекти од минатото, но повеќе нема назад. Најлошото што можете да го направите е постојано да упатувате критики на сопствената адреса.

Преземете одговорност за сè што ви се случува и вложете ги сите напори за да ги решите проблемите. Интуицијата е на вашата страна, послушајте ја.

Рак

Лошата комуникација ќе ви донесе проблеми во односите, особено на работното место, слично како и кај Близнаците. Вие ја црпите енергијата од креативната, духовна природа и не дозволувајте истата да биде извалкана од страна на токсичните вибрации на негативно настроената околина.

Изолирајте се, останете малку сами со себе и размислувајте за себеси. Слушајте ја својата интуиција која мудро може да ве извади од секоја непријатна ситуација.

Лав

Ретроградниот Меркур ќе ја разбуди негативната енергија кај вас, како и преиспитувањето и дилемите што ги водите во себеси. Сепак, многу Лавови ќе соберат храброст да го отфрлат сето она што повеќе не им одговара во животот.

Исто така ќе го прочистите и телефонскиот именик и социјалните мрежи, бришејќи ги луѓето кои не ви се потребни во животот. Доколку е возможно, сепак одложете ги важните финансиски одлуки поврзани со големи суми пари.

Девица

Девиците најтешко ќе го поднесат периодот на ретроградниот Меркур. За вас почнува периодот на хаосот, турбулентен период исполнет со ненадејни проблеми. Ќе се заплеткате во ризични ситуации од кои нема да можете да го пронајдете излезот.

Кармата ќе ви донесе казна од минатото. Вие сте дете на организираноста, на редот, а во овој период рамнотежата не постои. Во целиот овој хаос, обидете се да останете прибрани и следете го вашиот внатрешен компас.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg