Лавот не добива комплименти, Близнаците премногу анализираат - зошто на секој знак му е претешко да биде сам дома?

Некои самотијата ја преживуваат лесно. Дури и се шегуваат на сопствена сметка дека како типични интроверти немаат многу проблем со самоизолацијата. Меѓутоа, на други навистина им е тешко да бидат сами со себе. Особено доколку згора на сè живеат сами.

Zosto-na-sekoj-znak-mu-e-pretesko-da-bide-sam-doma-01.jpg

Зошто на секој од знаците му е тешко да биде сам дома?

Овен – Вие сте многу комуникативни и разговорливи. Сакате да си го слушате сопствениот глас и како зборувате додека сите други ве слушаат. Секогаш имате што да кажете. Во изолација, додека сте сами, ова ви паѓа многу тешко, па неретко си зборувате на глас, сами со себе.

Бик – Сакате да покажувате емоции. Сакате да се гушкате, да се бакнувате. Најмногу од сè, сакате да имате некој покрај вас кој ќе ве гушка додека заспивате. Ова отсекогаш ви била болната точка, а сега во домашна изолација ви е уште потешко.

Близнаци – Мразите да бидете сами со сопствените мисли. Имате чувство дека ќе ве излудат. Не можете да го сопрете мозокот од премногу размислување, па неретко останувате без спиење. Мразите кога имате премногу време за размислување и анализирање. Тогаш ви доаѓаат мислите – „што ќе беше доколку направев така?“ и каење.

Рак – Се грижите за другите луѓе повеќе отколку што се грижите за себеси. Секогаш сакате да им бидете поддршка, рамо за плачење, да им го олесните животот. Сега не сте во можност да го направите тоа, барем не во живо. Радо би се занимавале со туѓите проблеми и би ги игнорирале своите, но повеќе нема каде да бегате.

Лав – Вие блескате кога добивате многу комплименти. Кога сте дотерани и ја гледате реакцијата на околината околу вас. Сепак, во изолација ова е малку потешко да се оствари, нели? Сакате да бидете во центарот на вниманието, а сега, за жал, речиси никој не е насочен кон вас. Тоа ви ја краде енергијата и ве онерасположува.

Девица – Лесно ви се здосадуваат работите. Мразите да седите во една точка и да не правите ништо. Обожавате кога има многу обврски за завршување, кога има доволно забава, кога се случува нешто интересно. Во овој период не ви се случува ништо од горенаведеното и се чувствувате поразено.

Вага – Вашето „гориво“ се социјалните интеракции со другите луѓе. Сакате кога се поврзувате со блиските лица. Сакате да градите врски и контакти кои имаат некакво значење во животот. Ваквите средби во овој период се практично непостоечки, и тоа ве унесреќува. Ќе запознаете ли повторно нови пријатели?

Скорпија – И вие како и Вагата сакате да запознавате нови луѓе, постојано да искусувате нови работи. Нова храна, нови ресторани, нова облека, нови патувања. Едноставно, да се мешате со светот. Веќе ви досади истото мени и истите луѓе со кои одржувате контакт во виртуелниот свет. Ќе заврши ли ова мачење поскоро, се прашувате.

Стрелец – Вие едноставно не знаете како да уживате во сопственото друштво. Немате поим што да правите кога сте сами. Сè уште не сте научиле како да ви биде пријатно во сопствената кожа. Се плашите од секој чуден звук којшто го слушате во домот, убедени дека седењето сами дома е најголемата казна во животот.

Јарец – Ви недостасува некој со кого ќе може да споделувате нови идеи. Сакате да ги изговорите на глас и некој да ви даде мислење за истите. Обожавате да работите во тим, а за жал, дома сте сами. Нема тим, само вие. Внимателно ги запишувате сите ваши идеи со цел да ги дискутирате во иднина со луѓето чие мислење вистински ви значи.

Водолија  – Кога сте сами и затворени дома, станувате мрзеливи. Може да поминете часови и часови во креветот без да се мрднете од него. Може да го потрошите целиот ден не правејќи ништо. Дури не ви ни пречи ваквата мрзоволност. Секако сте сами дома, а пред кого би требало да се покажете и докажете?

Риби – Вам ви е потребно внимание, слично како и на Лавот. Сакате луѓето да ви обрнат внимание, да ве прашаат како сте, како ви поминал денот. За жал, овие денови мошне малку го добивате овој третман. Чувствувате дека ќе побудалите. Сè што сакате е да бидете видени. И сфатени од страна на другите луѓе околу вас.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg