Сите работи поврзани со жената во знакот на Овен - зошто е добро да се вљубите во неа?

Дали сте жена родена во знакот на Овен? Доколку роденденот ви е помеѓу 21 март и 19 април, вие сте креативна, бестрашна, енергична, независна и интелигентна личност.

Site-raboti-povrzani-so-zenata-vo-znakot-na-Oven-01.jpg

Светот на жената родена во знакот на Овен е во постојано движење. Доколку се појават нови предизвици пред неа, таа храбро ги зграпчува. Жената Овен не поднесува неуспеси.

Елемент – оган

Жените во знакот на Овен се огнен знак. Креативни се на многу уникатни начини. Нивната жед за живот е бесконечна, потрагата по забава не завршува никогаш. Понекогаш излегуваат надвор од контрола бидејќи сакаат да имаат сè во животот. Од овие причини, најдобро е одвреме-навреме да си дадат пауза, да одморат, да размислат и да ја пренасочат својата енергија кон паметен проект.

Карактерни особини

Жената Овен има неверојатно чувство за мода и комбинирање различни парчиња. И покрај нивната вродена елеганција, тие се дечиња во срцето. Иако се многу независни и го обожаваат своето друштво и излегувањето, изненадувачки, можат да бидат многу наивни и лековерни. Нивната искреност честопати ги носи до разочарувања, но добрата страна е што лесно се враќаат на нозе.

Љубов

Жената Овен сака маж кој стои цврсто на земјата и „не лета со паметот во облаци“. Доколку тој е успешен – уште подобро, таа сака да го става на пиедестал својот успешен маж и да се гордее со него.

Љубовна, романтична врска со добар и тивок партнер едноставно не ѝ одговара. Таа мора да одбере некој кој ќе ѝ дава поддршка, ќе ја држи за рака кога ѝ е најтешко. Некој кој не се плаши така лесно. Во спротивно, веднаш ќе ѝ здодее на жената Овен. Од друга страна, жената Овен мрази забрани од каков било тип, па доколку мажот е посесивен, оваа врска нема да води никаде. Но, ова не значи дека таа самата не е посесивна. Таа не гледа ништо лошо во тоа.

Брак

Откако жената во знакот на Овен ќе се одлучи да заплови во брачните води, мажот мора да ги има исполнето сите нејзини високи критериуми. За почеток, тој секогаш треба да има резерви на доза мистерија, бидејќи во спротивно ќе ѝ биде досаден. Жената Овен сака секогаш да биде ставена на прво место.

Доколку бракот пропадне, тоа најчесто значи дека на жената Овен ѝ е многу досадно или не се чувствува доволно почитувано од страна на партнерот. Сепак, пред да ги потпише документите за развод, таа ќе даде сè од себе за да ги поправи работите. Бидејќи, како што рековме – мрази неуспеси и мрази да губи.

Пари

Жената Овен едноставно сака да троши пари. Таа е компулсивен купувач. Ако види нешто во излогот и тоа нешто „ѝ падне во очи“, таа го купува веднаш, без размислување. За среќа, таа знае и како да заработи пари, па нема потреба да ѝ замерувате за нејзините потрошувачки навики.

Кариера

Без оглед на тоа каква кариера има избрано, жената Овен мора да се чувствува удобно во позицијата и начинот на кој кариерата се вклопува во нејзиниот живот. Најбитно ѝ е да се чувствува како да е најдобрата во тимот. По природа, жените во знакот на Овен секогаш постигнуваат одлични, забележителни резултати. Најчесто не им е потребно толку многу напор како на останатите за да постигнат успех.

Пријатели

Лесно се спријателуваат и најголем дел од пријателствата им се без некои посериозни обврски. Жената Овен е премногу зафатена во животот за да го посвети истиот на некакви си пријатели. Таа најчесто има два до три пријатели кои се спонтани и лесно се адаптираат на нејзиниот распоред. Кога и да посака некаква авантура, тие се веднаш покрај неа. Затоа и ги сака.

Здравје

Типичната жена Овен има кондиција како на тркач на долги патеки. Генерално имаат одлично здравје и ниту на крај памет нема да им падне да посетат доктор само заради обична настинка или грип. Да повториме - имаат премногу работа за да бидат болни. Ова сепак не може да се каже и за нивните емоции. Иако однадвор делуваат силно и своеглаво, лесно можете да ги повредите нивните чувства.

Дом

Бидејќи жената Овен ретко се прибира дома поради многубројните активности, домот не ѝ е толку многу битен како на останатите знаци. Никогаш нема да ја најдете како мести некакви полици, таа е надвор, го пие третиот коктел и лудо се забавува. Сепак, свесна е дека домот е огледало на неа, па затоа сè мора да биде во совршен ред и таа да биде сосема задоволна пред да излезе од него и да ја заклучи вратата.

Славни жени родени во знакот на Овен: Сара Џесика Паркер, Кејт Хадсон, Џенифер Гарнер, Викторија Бекам, Лејди Гага, Мараја Кери.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg