Кои карактеристики ги прават хороскопските знаци добри, а кои лоши пријатели?

Вага

Добри карактеристики: Вагите се навистина дружељубиви и секогаш ќе ви помагаат да запознаете нови луѓе. Сакаат да се забавуваат и секогаш ќе се осигурат дека и вие си поминувате одлично.

Лоши карактеристики: Вагите не сакаат конфликти, па ако настане проблем меѓу вас, поверојатно е да си заминат, отколку да разговараат за тоа.

Скорпија

Добри карактеристики: На Скорпиите не им е страв ни од вашите најмрачни мисли и тајни. Па, со нив можете да споделите буквално сè, без страв дека ќе ви судат.

Лоши карактеристики: Сепак, ако го повредите пријателот Скорпија, подгответе се за најсуровата казна. Скорпиите се подготвени да направат многу кога станува збор за одмазда.

Стрелец

Добри карактеристики: Ако ви треба некој да ве расположи, обратете се кај Стрелецот. Овие луѓе се оптимисти и авантуристи и со нив никогаш не е здодевно.

Лоши карактеристики: Понекогаш морате да бидете сериозни, но Стрелците не секогаш го сфаќаат тоа. Покрај тоа, ако Стрелецот помисли дека веќе не сте забавна личност, без двоумење ќе ве отстрани од животот.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-04.jpg

Јарец

Добри карактеристики: Без разлика во што сте заглавиле, Јарецот е овде за да ве спаси. Овие луѓе нема да дозволат да ви се случи нешто лошо и секогаш ќе ви ја понудат нивната поддршка.

Лоши карактеристики: Јарците се највредниот знак во зодијакот, па понекогаш можат да го бараат тоа и од вас. Можат да ви кажат дека не се трудите доволно, па дури и да ве наречат мрзливи.

Водолија

Добри карактеристики: Водолиите се совршен пријател за длабоки и сериозни разговори. Тие имаат поразлични гледишта за светот и од нив можете да научите многу.

Лоши карактеристики: Од друга страна, Водолиите се доста независни личности и не секогаш имаат потреба да бидат во контакт. Одвреме-навреме знаат да се изолираат, а ова значи дека се недостапни кога ви се потребни.

Риби

Добри карактеристики: Понекогаш на сите ни треба личност која само ќе нè разбере, а Рибите го можат токму тоа. Нивната интуиција е на завидно ниво, па дури и да не кажете ништо, Рибите знаат што чувствувате, но и кој совет ви е потребен.

Лоши карактеристики: Сепак, Рибите не се снаоѓаат најдобро со донесувањето одлуки. Неретко ова им го наметнуваат на пријателите, а многу често го менуваат и мислењето – нешто што е проблематично кога треба да направите план.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Скорпија - До крајот на септември ќе успеете нешто да заштедите, но немате довол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg