Кои карактеристики ги прават хороскопските знаци добри, а кои лоши пријатели?

Колку и да го сакате вашиот најдобар пријател, сигурно и тој има свои недостатоци. Веројатно сте свесни за нив, но токму тоа го прави вашето пријателство искрено.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-01.jpg

Доколку верувате во астрологија, тогаш знаете дека карактеристиките на една личност можат многу да зависат од нејзиниот хороскопски знак.

Па, за сите лоши, но добри особини на вашите пријатели, веројатно „виновна“ е астрологијата.

Во продолжение погледнете што го прави секој знак добар, а што лош пријател:

Овен

Добри карактеристики: Овенот секогаш ќе биде овде кога ќе ви треба. Истовремено, ако ви е потребен поттик за да направите нешто, Овенот е експерт за тоа.

Лоши карактеристики: Понекогаш Овните се импулсивни, па дури и детинести, а ако им го посочите ова веројатно ќе се навредат. Можат да имаат и проблем со темпераментот, особено ако нештата не се одвиваат како што си замислиле.

Бик

Добри карактеристики: Биковите не сакаат да трошат време – од моментот кога ќе ве запознаат, веднаш проценуваат дали сте достојни за нив. Но, штом сте во нивниот живот, тие ќе направат буквално сè за вас.

Лоши карактеристики: Сигурно сте забележале дека вашиот пријател Бик е тврдоглав и тешко е да го убедите во нешто. Друг проблем може да биде неговата брутална искреност – Бикот нема да премолчи ако нешто не му се допаѓа, дури и ако е банално.

Близнаци

Добри карактеристики: Речиси никогаш нема да ви биде здодевно со пријател во овој знак. Тој е во тек со сите нови случувања и секогаш е тука за вас ако ви се разговара.

Лоши карактеристики: Понекогаш Близнаците се толку многу фокусирани на нивното мислење, што воопшто не ги слушаат другите. Ова може да биде проблем ако навлезете во некоја тема во која ви се спротивставуваат мислењата.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-02.jpg

Рак

Добри карактеристики: Раковите се најпосветениот хороскопски знак, а истата посветеност важи и за пријателите. Ако имате лош ден - Ракот е овде да ве расположи, ако ви треба охрабрување - Ракот е овде и за тоа. Всушност, што и да ви треба, Ракот нема да ве остави сами.

Лоши карактеристики: Наклоноетоста на Раковите може да има и негативна страна. На пример, ако не им обрнувате доволно внимание, речиси сигурно ќе ги повредите нивните чувства. Истовремено, Раковите знаат да бидат и љубоморни на вашите други пријатели.

Лав

Добри карактеристики: На Лавовите не им е страв да прослават за вашите успеси. Всушност, за што и да треба да прославувате, Лавот со задоволство ќе ја организира забавата.

Лоши карактеристики: Лавовите имаат големо срце, но и големо его. Па, ако помислат дека не ги цените доволно, сигурно ќе настанат проблеми. Ако некогаш, пак, помислат дека сте им конкуренција, ќе дадат сè од себе за да ве победат.

Девица

Добри карактеристики: На Девиците им е потребно време да се зближат со некој, па штом имате пријател Девица, знајте дека вистински ве сака. Девицата ќе ве мотивира да ги исполните вашите цели, но и секогаш е подготвена да ви ја каже вистината, за ваше добро.

Лоши карактеристики: Девиците настојуваат да си поставуваат високи стандарди, а понекогаш го прават истото и за нивните пријатели. Ако не го следите нивниот совет, можно е дури и да се налутат.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg