Лавот има големо его, но и голем страв што мислат другите за него – Помалку познати факти за знаците што ретко ги читаме

Астрологијата носи одредени стереотипи за знаците кои веќе сме ги прочитале многу пати. Знаеме дека Девицата е опседната со ред и чистотата на домот. Но, дали знаевте дека се многу тажни длабоко во себеси?

Pomalku-poznati-dakti-za-znacite-sto-retko-gii-citame-01.jpg

Бикот сака убаво зготвена храна, но најчесто не знае ниту еден рецепт за да ја приготви. Што друго кријат знаците кога станува збор за нивните карактеристики кои ретко ги читаме за нив?

Овен – повеќе ги интересира играта и целата мистерија кога станува збор за љубовта, отколку наоѓањето на потенцијален партнер за љубовна врска. Ги возбудува бркањето и недостижноста, многу помалку „пленот“. Откако ќе го добијат тоа што го сакаат, неочекувано губат интерес.

Бик – големи гурмани што најчесто не знаат или ги мрзи да зготват нешто. Сакаат скапи, екстравагантни работи, а истовремено умеат и добро да штедат. Сепак, приземјени се, може да се потпрете на нив, љубезни и добродушни.

Близнаци – да, имаат две различни лица, едно кое го претставуваат во јавноста и другото кое е многу пострашно, но го чуваат само за себе и најлошите непријатели. Голема е веројатноста дека вие ќе налетате на првото, и ќе си помислите: ова е најдобриот човек што сум го запознал во животот.

Рак – и покрај тоа што се одликуваат со огромна емотивност, лесно навредливи и големи лутковци, голем дел од Раковите умеат и сакаат да се дружат и излегуваат и се изненадувачки многу непристојни и вулгарни.

Лав – големо его, но и голем страв поради тоа што другите мислат за него. Делуваат агресивно, може да се исплашите од нив на почетокот. Кога добро ќе ги запознаете ќе сфатите дека се едни од најдобрите и најемпатичните луѓе околу вас.

Девица – умеат да повредат многу луѓе со своите непромислени коментари, особено оние кои не одговараат на нивното ниво на хигиена. Имаат навистина лоши и нездрави навики кои добро ги кријат од другите. Половина од времето се прилично тажни луѓе, но никому нема да го признаат тоа, дури ни себеси.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава