Стрелецот објавува тажни цитати, Близнаците глумат дека не ве знаат - Како знаците се справуваат со „корпа“?

Вага „Сигурно сака да го/ја бркам повеќе, се прави недостапен/на“. Вагата едноставно не прифаќа пораз. За неа зборот одбивање нема место во речникот. Мора да е некаква грешка, кој би ја одбил неа? Ќе продолжи да трча по партнерот додека не го добие.

Скорпија Се затвора себеси и своето срце во следните 10 години, додека се обидува да го преболи одбивањето. Скорпиите не се носат добро со „корпи“. Ќе го анализираат секоја детаљ, секој настан и секоја грешка. Каде работата тргна наопаку?

Стрелец Објавува тажни цитати и песни неколку дена во континуитет. Нема шанси да не дознаете дека некој го одбил Стрелецот – тој јасно ќе го покаже тоа преку своето однесување на социјалните мрежи. По неколку денови ќе се разбуди од длабокиот сон, како да не се случило ништо.

Јарец „Не верував дека мене ќе ми се случи ова, но ќе го закопам длабоко во себе, заедно со другите 427363 проблеми“. Како и за многу други работи во животот, и одбивањето Јарецот ќе го турне под тепихот и ќе се преправа дека не се случило.

Водолија „Пффф. Твоја загуба. Не е дека многу ми се допаѓаше, идиоту! Заслужувам подобро од тебе!“ *го зборува ова додека одвај ги запира солзите да не потечат. Водолијата не се справува добро со одбивање. Ќе смисли мала одмазда и веројатно ќе почне да шири озборувања за оној што ја одбил.

Риби „Ќе го запаметам овој момент засекогаш, за да сфатам дека срцето не треба да го давам на никого“. За Рибите, одбивањето е крајот на светот. Потоп. Ќе им биде потребно многу време да се вратат на нормалниот тек на работите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава