Која „домаќинска“ задача не ви е никаков проблем, според хороскопот?

Некои домаќински, домашни задачи никогаш нема да ги засакаме, како на пример пеглањето облека, додека други ги правиме со леснотија.

koja-domakjinska-zadaca-ne-vi-e-nikakov-problem-spored-horoskopot-1.jpg

Што влијае на тоа толку да ги сакаме или мразиме домаќинските задачи? Некои велат – хороскопот.

Па, според вашиот знак што е она што никогаш не ви е тешко да го направите?

Овен – Никогаш нема да се побуни ако треба да го фрли ѓубрето. Сака да рециклира, додека површините дома се чисти.

Бик – Домашните задачи поврзани со билките и цвеќињата, како нивно наводнување и пресадување, ги прават со леснотија.

Близнаци – Негата за нивниот пријател – автомобилот е она што со задоволство ќе си го земат како домашна задача.

Рак – Бидејќи им се исправа косата кога подот е валкан, чистењето со правосмукалка им е секојдневие и не им е воопшто тешко.

koja-domakjinska-zadaca-ne-vi-e-nikakov-problem-spored-horoskopot-3.jpg

Лав – Сакаат да ја имаат контролата во свои раце, па доброволно ќе го измијат купот насобрани садови во мијалникот.

Девица – Вечните перфекционисти секогаш ги враќаат работите на свое место и уживаат да организираат по категории, бои и облици.

Вага – Вагите сепак ќе се откажат од чистењето и ќе поживеат во хаос, а за сметка на тоа ќе дремнат 1 час во кревет, со омилената серија.

Скорпија – Сосема се согласни на тоа секој втор ден да пребришуваат прашина, со оглед на тоа што сакаат работите да светат.

Стрелец – Ентузијастички дури му пристапуваат и на чистењето на тоалетот, по што се чувствуваат супер корисно.

Јарец – Бришењето на подовите си побарува одредена дисциплина и затоа Јарците се идеални за оваа домашна задача.

Водолија – Перењето на облека е обврската која Водолиите најчесто си ја преземаат, а мирисот на омекнувач по малку ги смирува.

Риби – Обожаваат да ја покажат креативноста во кујната, па готвењето никогаш нема да го сфатат како тешка задача, туку како уживање.

koja-domakjinska-zadaca-ne-vi-e-nikakov-problem-spored-horoskopot-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...

Најчитани неделава