Вие им зборувате на Рибите – тие гледаат низ вас: Негативните страни кај секој од знаците

Покрај многуте позитивни карактеристики, астрологијата има многу што да каже и за другата страна од карактерот кај луѓето.

Negativnite-strani-kaj-sekoj-od-znacite-01.jpg

Стрелците се сезнајковци. Девиците лицемерни перфекционисти. Кои се вашите негативни страни според хороскопскиот знак?

Овен

Овните се нападни, сакаат да наредуваат, да доминираат и понекогаш се арогантни. Сите овие квалитети кои ги прават добри лидери понекогаш им се враќаат како бумеранг правејќи ги премногу борбени и нетрпеливи. Сакаат да се расправаат и одбиваат да слушаат наредби. Нивното мото е „Сакам СЕГА“.

Бик

Биковите се неверојатно мрзеливи во одредени периоди, тврдоглави и прилично хаотични кога се работи за организација на просторот. Посакуваат многу пати, имаат голем апетит за сè во животот, но сакаат послужено „на тацна“ и не сакаат да работат за тоа. Не им е гајле дали има редица автомобили зад нив, Биковите ќе се движат најбавно што можат, смеејќи им се на сите што не може да ги заобиколат.

Близнаци

Двојната природа кај Близнаците е очигледна, некои ги сметаат за допадливи и шармантни, додека другите сметаат дека сето ова е лицемерие. Имаат обичај да ги расфрлаат работите, нервозни се и брзо губат интерес. Не може да ги направат работите до крај и понекогаш се однесуваат несериозно за своите години.

Рак

Раковите се премногу чувствителни што ги прави луѓето околу нив да мислат дека чекорат како на минско поле. Никогаш не се знае што може да ги навреди или налути. Емотивно нестабилни, често пати и самите не знаат да си објаснат зошто се толку раздразливи и плачливи.

Лав

За Лавот, сите нешта мора да бидат околу него или поврзани со него, постојано, во секој момент. Лавовите се суетни, егоцентрични и секогаш гладни за внимание. Живеат за пофалби и се вклучуваат во разговорите само за да ја свртат темата кон она што им е омилено – себеси.

Девица

Девиците се познати по тоа што се лицемерни перфекционисти. Тие имаат меморија на слон и секогаш може да им текне нешто што се случило во далечното минато кога сакаат да зададат удар под појасот некому. Валкани играчи се и не бираат средства за да си ја остварат целта.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Позитивните и негативните страни на љубовната врска со секој хороскопски знак Со Вагите ќе доживеете љубов како на филм, но нема да бидете ниту свесни дека ти...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...
Една ваша особина поради која луѓето се опседнуваат со вас, според хороскопот Девиците се многу трпеливи - можат да седат, молчат и да слушаат со часови додек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg