Што НЕ сака да најде под елката секој хороскопски знак?

На Близнаците не им подарувајте нешто што бара долготрајна гржа, на Ракот никако не му оставајте пари за да си купи што сака.

shto-ne-saka-da-najde-pod-elkata-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Во време кога сите размислуваме што да им подариме на блиските, астрологијата може да се покаже како корисна.

Што да НЕ му подарите на секој хороскопски знак?

Овен

Не се снаоѓа најдобро во кујна, нема трпение и креативност, па избегнувајте ситници и апарати посветени на кулинарството.

Бик

Освен ако не сте професионален уметник, никако не подарувајте „направи сам“ подароци. Биковите сакаат скапи и квалитетни подароци.

Близнаци

Никогаш не им подарувајте нешто што побарува долготрајна грижа – дневник, билки или милениче.

Рак

Сметаат дека подарокот е тесно поврзан со емоциите, па ако им оставите пари за да си купат што сакаат, ќе завршат навредени.

Лав

Евтините подароци или нешто што е излезено од мода може сериозно да го налути Лавот. Мора да бидете креативни и во тек со времето.

Девица

Девиците сакаат исклучиво работи кои им се корисни и крајно неопходни, бидејќи не сакаат неразмислени инвестиции и трупање на ѓубре.

shto-ne-saka-da-najde-pod-elkata-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Вага

Вагите не сакаат изненадувања, па најдобро е да ги прашате што сакаат и што им е потребно или да се инспирирате ТУКА

Скорпија

Ако планирате подарок за Скорпиите, важно е тој да не ја разниша нивната слика пред другите. Односно, подарокот мора да биде сериозен и корисен. Шегите не доаѓаат во предвид, мора да биде нешто внимателно одбрано за нив.

Стрелец

Не подарувајте ништо што ги тера да останат во место, како колекции за сложување или разни сетови за сликање, плетење, готвење...

Јарец

Сакаат нешто што ќе го користат секојдневно, а неочекуваните работи воопшто не ги радуваат. Јарците се предвидливи, па мора такви да бидат и подароците.

Водолија

Со нив никогаш не знаете на што сте – не им треба ништо, ама и многу работи им недостасуваат. Ризично е да подарувате слатки или здрава храна, бидејќи често се предомислуваат околу исхраната.

Риби

Сконцентрирајте се и вратете го филмот – Рибите сигурно веќе ви кажале што сакаат. Премногу се чувствителни на подароци кои се дуплираат и не се корисни, туку само естетски симпатични.

Ако немате идеја, прочитајте Каков подарок за празниците посакува секој хороскопски знак, во пресрет на 2021?

М. Д. | Црнобело / Фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...

Најчитани неделава