Темни мајстори на одмаздата што не сакаат површни разговори – на кој хороскопски знак да му се тргате од патот?


Темни мајстори на одмаздата што не сакаат површни разговори – на кој хороскопски знак да му се тргате од патот?

Толку многу мистерија ја опкружува нивната личност, па затоа тие честопати се погрешно толкувани. 

Temni-majstori-na-odmazdata-Skorpija-01.jpg

Постојат многу работи што треба да ги знаете во врска со Скорпиите, а ова се само дел од нивните карактеристики:

Тие љубат силно и длабоко

Кога се вљубени, нивните емоции се со жесток интензитет. Скорпиите многу внимателно избираат кому ќе го дадат своето срце. Нивниот најголем страв е дека ќе бидат изневерени откако ќе го отворат срцето.

Затоа тие постојано ги тестираат своите партнери. Скорпијата сака да се осигури дека нејзиниот партнер е достоен за него/неа. Кога ќе избере некој, тоа е мошне сериозна одлука, бидејќи овој знак планира да остане со својот партнер и да го сака додека смртта не ги раздели.

Тие се интензивни

Скорпијата ужива во дружењето, но не сака површни разговори. Кога ќе се сретне со некоја личност за време на забава, Скорпијата како камелеон може да биде и интроверт и екстроверт, во зависност од темата на разговор.

Кога е целосно насочена на некоја тема Скорпијата сака да продре длабоко во срцето на разговорот и да анализира длабоки и значајни теми. Тие не трошат време на петпарачки разговори или озборувања. Не прашувајте ја Скорпијата што мисли за нешто, освен ако не сте подготвени за многу директен и понекогаш недипломатски одговор.

Тие се многу, многу забавни

Скорпиите имаат остра смисла за хумор што за некои може да биде навредлива, а за други многу смешна. Ако сте чувствителни нивната смисла за хумор може да ве шокира или да ги повреди вашите чувства.

Нивната интелигенција и стилот на хумор може да ја прикаже иронијата на која било тема за којашто сте разговарале со нив. Тие можат да го размрдаат секој собир со нивните шокантни коментари.

Тие се неверојатно снаодливи и никогаш не се предаваат

Не постои знак во зодијакот кој е поснаодлив од Скорпијата. Тие се упорни и ќе прифатат каков било предизвик. Никогаш не се предаваат додека не ја постигнат својата цел. За нив откажувањето не е опција, особено ако се во потрага по љубов и секс.

Можете безбедно да им ги доверите своите тајни

По природа, Скорпиите се многу загадочни луѓе. Тие никогаш не ги откриваат целосно своите најдлабоки и најмрачни тајни. Тие се лојални и сигурни. Не ги ценат љубопитните луѓе кои се обидуваат да чепкаат низ нивните или туѓите животи. Сепак, тие имаат неверојатни детективски способности. Значи ако криете некоја тајна, тие ќе ја дознаат. Но, таа ќе остане безбедна кај нив.

Имаат потреба да држат сè под контрола

Скорпиите се природни лидери кои сакаат да ја преземат контролата во своите раце, така што работите ќе се одвиваат онака како што тие сакаат. Тогаш тие се чувствуваат најпријатно и најбезбедно. Ако работите излезат надвор од контрола, тоа им создава многу стрес.

Иронично, нивната потреба за контрола е истовремено нивната сила и слабост. Од една страна, тоа им овозможува да постигнат многу.

Од друга страна, тоа може да доведе до борба за моќ во односите со партнерот (или некој авторитет). Доколку е потребно, тие ќе прибегнат кон секакви манипулации за да се осигурат дека ве имаат под контрола. Дури и ако ги постават работите на начин што прави да се чувствувате како да сте главни – бидете сигурни дека вие не ги држите конците во рацете, туку тие.

Мистериозни се

Во еден момент тие може да изгледаат отворено и експресивно, а потоа во следниот ќе станат тивки и таинствени. Никогаш не се досадни. Фасцинирани се од потемната страна на животот и уживаат да бараат одговори на најдлабоките прашања и најтемните тајни кои опкружуваат некоја личност или локација.

Тие го сакаат подземниот свет и се фасцинираат од криминал, смрт, ужас, натприродно, па дури и окултно. Честопати ќе возвратат со контра-прашање кога не се подготвени да одговорат на прашања упатени кон нив.

Кога одите на состанок со Скорпија, ќе почувствувате како таа да знае многу повеќе за вас отколку вие за неа. Скорпиите уживаат во форензички телевизиски емисии како CSI.

Имаат вулканска природа

Скорпиите не се лутат лесно. Но, кога тоа ќе се случи, очекувајте земјотрес од 8,6 степени според Рихтеровата скала. Поради контролираната природа, тие може да изгледаат смирено, но ако некој ги вознемири на длабок, личен начин, како што е предавството на нивната доверба, тие ќе еруптираат како вулкан и ќе покажат ниво на лутина што можеби не сте ја виделе досега во животот.

Нивниот јазик станува остар и смртоносен и другата личност ќе почувствува како се одмаздува една Скорпија. Ако ги изневерите, тие ќе ви простат, но никогаш нема да го заборават тоа.

Тие се сметаат за господари на одмаздата и познато е дека трпеливо го чекаат вистинскиот момент за да ја „сервираат“ својата одмазда. Никогаш немојте да ја лажете Скорпијата.

Тие имаат силно изразени психички способности

Скорпиите се едни од најинтуитивните знаци во зодијакот. Тие се многу остроумни и умеат да ги „прочитаат“ чувствата и емоциите на луѓето околу нив до тој степен што тие знаат што мислат другите уште пред тие да ја отворат устата.

Изгледа како да имаат вграден детектор за лаги кога некој не е искрен со нив. Скорпиите се упорни во потрагата по вистината што ги прави да бидат одлични истражувачи.

Тие се многу страсни

Скорпијата се смета за најстрасниот знак во зодијакот. Сексот им се особено важен во врската. Преку него се поврзуваат на подлабоко, интимно ниво со партнерот.

Оваа длабока приврзаност кон нивните партнери е она што може да доведе до љубомора и посесивност во нивните односи. Доколку сте во брак со Скорпија, бидете сигурно дека никогаш нема да најдете поверен и полојален партнер од неа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без навреда: Кој дефект го има вашиот хороскопски знак? Луѓето се навикнати да читаат на интернет само фини работи и пофалби за својот з...
Кој хороскопски знак најбрутално ќе ви го скрши срцето во животот? Пред да се вљубите до уши или да ја официјализирате врската, можеби е добро да с...
Толкувања стари 200 години: Народен календар за сите 12 хороскопски знаци Народниот календар е книга која порано ја имало во речиси секој дом. Во него мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg