На Девиците не им требаат неодлучни луѓе, на Раковите – таинствени: Од каков партнер треба да бегате според хороскопот?

Вага

Потајно сакате партнер којшто ќе се гордее со вас. Доколку забележите дека сегашниот партнер ве исмејува, понижува или сака да ве „спушти“ на земја, бегајте. Не ви треба никој што ќе ви ја поткопа самодовербата и ќе ве натера да ја преиспитате сопствената вредност.

Скорпија

Вие сте многу одлучни и точно знаете што сакате во животот. Силни сте и потребен ви е некој како вас. Доколку забележите дека вашиот партнер нема изграден карактер и ако самиот се раководи од тоа „што мислат или како ќе кажат другите“ околу него, време е да почнете да размислувате за раскинување.

Стрелец

Секогаш ги кажувате работите јасно и гласно и сите знаат дека сте такви. Затоа, вам не ви е потребен некој што ќе биде во вашата сенка. Ова важи за сите друштвени збиднувања, но и во рамките на семејството. Ако вие сакате јавно да ја покажувате својата љубов, а партнерот се воздржува и е срамежлив, врската ќе ви биде осудена на пропаст.

Јарец

Вие сакате да ја контролирате секоја ситуација, па дури и луѓето околу себе. Затоа не ви треба некој молчелив, туку некој што ќе ве „спушти“ на земја, но истовремено и ќе ве заштитува. Некој пред кого ќе се разоружате себеси и ќе го пронајдете својот мир покрај него.

Водолија

Го сакате мирот и самотијата. Не сте обожавател на преполни, задушливи простории преполни со луѓе кои скокаат и гласно пеат. Вие можете одлично да функционирате само со личности кои ви се слични вам. Некој со кого ќе седите навечер пред ТВ и ќе уживате со часови во омилената серија. Личностите кои сакаат патувања и ја сакаат природата исто така би биле одличен избор за вас.

Риби

Вие сте многу романтични и чувствителни. Затоа не можете да бидете со некој што не чувствува толку многу емоции и нема емпатија. Не би требало да трпите никакви егоисти покрај себе. Воедно, силно ве погодува црн и саркастичен хумор, па многу веројатно е дека доколку партнерот направи некаква неумесна и несолена шега, силно ќе ве повреди и ќе ве натера да избегате.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg