Опасни хороскопски комбинации кои имаат потенцијал за токсични врски – дали сте во една од нив?

Ракот и Вагата треба да се почитуваат едни со други и да разберат дека се еднакви во врската, а не да се расправаат за тоа кој е главниот. Бикот и Овенот се вистинска комбинација на љубов и страст, но Бикот сепак не треба да претерува со својата мрзеливост, бидејќи тоа го одбива Овенот кој по природа е многу енергичен…

Opasni-horoskopski-kombinacii-toksicni-vrski-01.jpg

Всушност, некои астролошки комбинации се толку многу опасни што имаат потенцијал за дива, неурамнотежена, па дури и токсична врска.

Дали некомпатибилните хороскопски знаци можат да се во љубовна врска и да бидат среќни едни со други?

Рак – Близнаци

За да го живее мирно животот, Ракот треба да престане да биде толку конзервативен кога станува збор за љубовта, бракот и семејството и не треба да ја промовира својата ранливост. Близнаците, од друга страна, мора да ја зауздат својата жива природа, да не се однесуваат како да се постојано во пубертет и конечно да сфатат што е тоа што го сакаат од животот.

Рак – Вага

Двајцата треба да се почитуваат едни со други и да разберат дека се еднакви во врската, а не да се расправаат за тоа кој е главниот во истата. Добрата работа е што тие никогаш нема да кријат едни од други за она што ги мачи туку заеднички ќе се обидат да најдат решение за сите проблеми.

Рак – Водолија

Кога Водолијата конечно ќе се обиде да ги разбере патријархалните и крути животни принципи на Ракот како и неговиот недостаток на желба за големи промени, а Ракот ќе сфати дека Водолијата навистина се грижи, иако навидум на обајцата не им е гајле за ништо, тогаш ќе бидат на вистинскиот пат.

Скорпија – Близнаци

Доколку сакаат да успеат, Близнаците треба да намалат со флертувањето, бидејќи во спротивно, Скорпијата ќе полуди од љубомора. Скорпијата, од друга страна, треба да разбере дека Близнаците навистина се грижат за нив, иако не поминуваат 24 часа заедно, иако Скорпијата потајно тоа го посакува.

Скорпија – Вага

Скорпијата треба да ја контролира својата страсна природа и потребата за драма, бидејќи Вагата ќе се обиде да избегне конфликт на секаков можен начин, а можно е и да се исплаши. Вагата треба да разбере дека нејзиниот повремен флерт со други луѓе може да предизвика ерупција на љубомора кај Скорпија.

Скорпија – Водолија

Двајцата имаат силни карактери и кога конечно ќе ги надминат разликите и ќе ја потиснат тврдоглавоста, ќе започнат да соработуваат заедно, што ќе даде одличен резултат. Тие ќе си станат најдобар пријател еден на друг и ќе започнат совршено да се разбираат, а дури потоа доаѓа делот на страсни љубовници и одличен секс.

Риби – Близнаци

Тие би можеле да бидат идеалниот пар доколку едниот не се обидува да го задуши другиот. Близнаците треба да сфатат дека треба повеќе да се фокусираат на својот партнер, а Рибите не треба да се исполнуваат со постојана грижа, бидејќи тоа ќе ги исплаши Близнаците кои е полни со живот и по малку диви по природа.

Риби – Вага

Ова е исклучително романтична комбинација заснована на меѓусебно почитување. Дури и кога се соочуваат со големи проблеми и двајцата ќе сторат сè што е во нивна моќ да го спасат она што го создале заедно.

Риби – Водолија

Овие двајца можат да ги надминат сите разлики, благодарение на толеранцијата и искрената желба да се слушаат и да се советуваат едни со други. Романтичните Риби ќе сторат сè за да го стопат мразот од срцето на Водолијата и да му објаснат дека отвореното покажување на емоциите е сосема нормална работа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg