Опасни хороскопски комбинации кои имаат потенцијал за токсични врски – дали сте во една од нив?

Бик – Овен

Вистинска комбинација на љубов и страст, но Бикот не треба да претерува со својата мрзеливост, затоа што го одбива Овенот, кој е многу енергичен по природа. Овенот треба да му приреди на Бикот многу романтични моменти, а понекогаш и да забави и да биде во чекор со неговото темпо.

Бик – Лав

Можеби нивните ставови се разликуваат во многу нешта, но сè додека си веруваат едни на други, тоа е сосема во ред. Мора да научат отворено да комуницираат без да се обидуваат да се контролираат едни со други. Кога ќе го сфатат ова ќе бидат незапирливи во достигнувањето на сопствената среќа.

Бик – Стрелец

Кога Стрелецот ќе сфати колку му е потребна стабилност и трајност на Бикот, а Бикот ќе престане да ја потиснува авантуристичката природа на Стрелецот, сè ќе биде во ред. Кога ќе го постигнат потребниот компромис можат да уживаат во својата љубов на сите нивоа.

Девица – Овен

Доколку партнерите се верни и подготвени да го слушаат другиот, овој пар може да ги открие сите убавини и придобивки од заедничкиот живот. Сепак, Девицата не треба да биде „чистачка“, а Овенот треба да ја ограничи својата непромисленост и импулсивност за да успеат заедно.

Девица – Лав

Тие наоѓаат сигурност и доверба еден во друг. Лавот е заштитник на Девицата и таа го фали во секое друштво. Сепак, Лавот треба да се откаже од својата театралност што Девицата не може да ја поднесе, додека Девицата не смее да падне во депресија секогаш кога работите тргнуваат во надолна линија.

Девица – Стрелец

Оваа двојка е отворена за компромиси и промени затоа што се свесни дека тоа е единствениот начин за да преживее љубовта. Стрелецот треба да обрне внимание на неговата авантуристичка природа, бидејќи на Девицата нужно ѝ е потребна стабилност, а таа мора да го прифати неговиот некако несериозен пристап кон животот, да се опушти и барем за кратко да се обиде да го погледне животот низ неговите очи.

Јарец – Овен

Овие два тврдоглави карактери не треба да се перципираат како ривали, туку да работат заедно за општото добро. Сепак, Јарецот може да го скрши Овенот и неговиот хиперактивен дух со својата ментална сила. Ако ги користат своите различни енергии кон една позитивна цел, тие може да постигнат прекрасни резултати, а љубовта секако не е исклучок.

Јарец – Лав

Јарец е оној кој иницира промени во љубовната врска и Лавот е тука за да го поддржи во тоа. Сепак, понекогаш е потребно Лавот да го намали темпото на својот социјален живот на едно поразумно ниво, бидејќи на Јарецот му е потребно да поминува повеќе време во мир и тишина. Лавот е секако задоволен што му е толку битен на Јарецот.

Јарец – Стрелец

Постои силна физичка привлечност помеѓу овие знаци што на крајот се претвора во вистинска љубов. Пријателството и посветеноста се она што ги држи заедно. Сепак, Стрелецот мора да му даде доволно простор на Јарецот кој е голем кариерист и е посветен на својата работа, а Јарецот треба да прифати дека Стрелецот има многу интереси што не го вклучуваат него. Ова не значи дека тој не го сака Јарец, но сака да има време само за себе.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
4 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата сродна душа подоцна во животот Овни, досега сигурно сте имале неколку лоши врски. Но, не треба да жалите за вре...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg