Љубовен хороскоп за јуни 2021: Бикови - луда и страсна авантура, Стрелци - ќе ја криете вистината од партнерот

ljuboven-horoskop-za-juni-2021-bikovi-luda-i-strasna-avantura-strelci-kje-ja-kriete-vistinata-od-partnerot-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе бидете растргнати помеѓу деловните и семејните обврски и ќе имате сериозни несогласувања со саканата личност затоа што нема да можете да пронајдете заеднички јазик за некое прашање. Можно е да дојде дури и до привремен прекин на врската. Дадете ѝ простор на саканата личност и минувајте повеќе време со пријателите извесен период.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе се обидете да ѝ го привлечете вниманието на некоја личност која одамна ви се допаѓа. На почетокот врската ќе ви биде слободна и нема ништо да официјализирате, но со тек на време можно е работите да станат посериозни. Лесно од авантура ќе впловите во врска.

Скорпија

Ако сте во врска:

Со партнерот интензивно ќе работите на реализирање на некоја заедничка цел и тоа ќе ве зближи повеќе од кога било. Наоѓајте мали и интересни начини на внесување радост во вашето секојдневие, како што е купување на подарочиња или изненадна уплата за некое патување. Избегнувајте љубоморни сцени и токсични луѓе за дружба.

Ако сте слободни:

Дури и да не запознаете некоја личност со која ќе впловите во врска, вие ќе имате интересни средби со нови познаници со кои споделувате многу заеднички интереси. Без разлика дали станува за оптимистичкиот дух или интелектуалниот капацитет, некоја личност инстантно ќе ви стане најдобар пријател. Во иднина можно е и нешто повеќе.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ќе ја криете вистината од партнерот, ќе бидете мистериозни и упорно ќе му правите работи зад грб. Тоа е можно да доведе до заладување на односите помеѓу вас двајца. Променете го односот, размислувајте со студена глава и преиспитајте се зошто го правите тоа што го правите.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе ви го привлече вниманието некој кој ќе ви изгледа многу моќно, но за жал ќе ви предложи тајна врска. Можно е да наседнете и да го прифатите тоа, а потоа да дознаете дека не сте единствената личност во неговиот живот и дека седи на повеќе столчиња наеднаш. Но, кон крајот на месецот можно е нова и вистинска љубов.

Јарец

Ако сте во врска:

Првата половина на јуни ќе ви донесе пријатни разговори со партнерот околу заедничките планови и низа други забавни теми. Лесно ќе се разбирате околу се и ќе се држите до договореното. Можно е некоја личност да ви се вмеша во врската, но вие ќе ѝ покажете каде ѝ е местото.

Ако сте слободни:

Ќе имате динамичен месец, полн со љубовни случувања. Некоја личност ќе ве маѓепса со својата интелигенција, емотивна отвореност и ќе ви изгледа како да е ваша сродна душа. Но, по краток период заедно ќе се појави посесивност од нејзина страна и ќе сфатите дека не сте еден за друг.

Водолија

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе имате време за забава и интересни заеднички мигови, ќе бидете заштитнички поставени еден кон друг и ќе си бидете најголема поддршка. Сепак, во втората половина на месецот можно е да исплови на површина некој проблем од минатото и да мора да работите заедно да го надминете.

Ако сте слободни:

Конечно ќе стапите во контакт со личност која одамна ве привлекува. Ќе бидете воодушевени еден од друг и ќе откриете дека имате многу заеднички работи. На моменти ќе ја идеализирате личноста, но таа сепак ќе биде вредна за вашата почит.

Риби

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе бидете како куче и маче. Ќе се карате за глупости и ќе се докажувате кој ги држи конците во врската. Еден од друг ќе криете работи кои нема потреба да се кријат и ќе си ја нарушите довербата. Некој член на семејството ќе се вмеша и ќе ви помогне да го подобрите односот.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот брзо и лесно ќе се вљубите во некоја личност која е повлечена по природа, но има некој посебен шарм. Комуникацијата со неа ќе ви годи и ќе разговарате без прекин до раните утрински часови. Спонтано можно е да влезете во хармонична емотивна врска.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...
Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љу... Лав - Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да ...
Годишен хороскоп за 2024: Водолија Во 2024 состојбата на финансиски план ќе ви наликува на вистински трилер. Никога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg