Скорпијата ниту простува ниту заборава – колку е тешко да се смирите со секој од знаците?

Некои знаци во зодијакот се одликуваат со исклучително „тежок“ карактер. Но, некогаш не е толку тешко да најдете заеднички јазик со нив и да се смирите доколку сте скарани.

Kolku-e-teshko-da-se-smirite-so-sekoj-od-znacite-01.jpg

Ова зависи од повеќе фактори, а доколку немате идеја како да комуницирате со некој човек, можеби следните објаснувања согласно астрологијата ќе ви бидат од помош:

Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

Со огнените знаци треба да се однесувате крајно внимателно, бидејќи во кулминацијата на кавгата може да кажат сè што ќе им падне на памет без размислување. Не вреди да навлегувате во длабоки и сериозни кавги и дискусии – подобро е да разговарате смирено.

Овните имаат „жешка“ глава и краток фитил. Потребно е да ги смирите и да не бидат премногу долго во состојба на бес. Немојте да ги навредувате и никако немојте да ги одбиете доколку први ви пријдат со бело знаменце и со желба да се смирите.

Нема апсолутно никаква смисла да се расправате со Лав. Или сами признајте си го поразот или ќе бидете принудени на тоа. Лавовите се тврдоглави луѓе, кои дури и под најсилните закани не ја признаваат својата вина.

Со Стрелецот, помирувањето е изненадувачки лесно и едноставно. Тоа е тип на човек со кого комуникацијата не подразбира никаков напор. Само кажете „жал ми е“. Сепак, не смеете да го одложувате извинувањето, не сакаат комуникација со луѓе кои им работат зад грб.

Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

Земјените знаци ги мразат долгите кавги и расправии. Доколку сакате да се смирите со некој од нив потребно е да направите компромис и да покажете оптимистичен став.

Бикот е еден од знаците склони кон одмаздољубивост. Можеби нема да ви се одмазди, но сигурно никогаш нема да заборави дека пред 5 години не сте го поканиле на забавата што ја правевте или сте им возвратиле остро со некој збор. Лесно е да се смирите со еден Бик – само признајте си ја вината.

Девиците лесно им простуваат на луѓето кои им бараат прошка. Лесно даваат втора шанса. Доколку пак грешката повторно се повтори, тогаш прошката станува потешка за добивање.

Јарецот многу тешко им простува на луѓето. Подобро ќе ви биде да не се замерувате со него. Тој без проблем ќе ви каже дека ви е простено, но длабоко во себе ќе биде убеден дека не може да ви верува. Јарецот е воден од внимателност и интуиција, па виновникот ќе мора да се помачи да добие прошка од него.

Воздушни елементи: Близнаци, Вага, Водолија

Знаците во оваа група простуваат најбрзо и најлесно. Тие можеби ќе ве сфатат, можеби и нема, но тоа нема да има влијание врз нивната „пресуда“. Ова се љубезни луѓе кои немаат време ниту желба да бидат лути некому премногу долго.

Близнаците најлесно простуваат. Понекогаш ќе им биде потребно малку повеќе време, но најчесто тие го прават првиот чекор кон смирување.

Вагите сакаат по малку да се лутат. Ќе се преправаат дека кавгата ги боли и се страшно навредени, но длабоко во себе се љубезни и нежни луѓе. Подобро е само малку да почекате да им помине нервозата и бесот пред да им пријдете.

Водолијата нема време да биде навредена. На неа ѝ е само важно да го смените однесувањето и да се трудите да станете подобри. Не им вреди ништо вашето „извини“ доколку не се смените. Ако си почнете „по старо“, Водолијата целосно ќе ве избрише од животот.

Водни елементи: Рак, Скорпија, Риби

Ова се знаците со кои е најтешко да се смирите. Тие се одмаздољубиви на ист начин како и земјените знаци и воедно страсни како и претставници од огнената група.

Скорпијата е најодмаздољубивиот знак во зодијакот. Ако веднаш не им побарате прошка и не сте искрени, ќе ве стават на „црниот список“ и простувањето е практично невозможно. Ќе ви ги паметат грешките и навредите до крајот на животот.

Раковите се тип на луѓе на кои треба да им биде простено за сè и секогаш или ништо и никогаш. Тие самите ги забораваат сите лоши настани, како никогаш да не се случиле. За да склучите мир со нив, треба да престанете да ги лутите, во спротивно може да биде многу лошо.

Рибите понекогаш лесно простуваат, но и покрај тоа што нема никогаш да го признаат тоа, тие засекогаш ќе ја паметат вашата кавга. Побарајте прошка веднаш за да не ја влошувате ситуацијата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg