Еротски хороскоп – што ве возбудува според знакот?

ВАГА

Жена: Суптилна, елегантна и префинето заводлива. Со текот на годините, таа станува сè повеќе женствена и почнува да ужива во сексуалниот чин повеќе отколку во играта на заведување. Ја иритираат неуредни и агресивни мажи. Таа сака негуван и елегантен партнер. Таа прави шоу од сексот. Ќе се појави во заводлива долна облека, чекајќи да ја види реакцијата на мажот. Заведува со лесно соголување со предизвикувачки движења на телото. Таа ќе отфрли човек којшто е агресивен.

Маж: Шармантен, заводлив, сака да освојува. Го привлекуваат елегантни и рафинирани жени. Тој ужива во долгата предигра и не сака партнерката да го брза. Се стреми да ја задоволи и е подготвен да води љубов цела ноќ сè додека не ја доведе до кулминација. Сака отмен и елегантен амбиент.

Ерогени зони: Ги возбудуваат кружни движења и допири со прстите на задникот.

Идеални партнери: Близнаци, Стрелец, Водолија.

СКОРПИЈА

Жена: Сексапилна, зрачи со силен еротски магнетизам. Ги привлекува мажите со начинот на кој чекори, со насмевката и погледот. Енергична е и го следи инстинктот на телото и срцето. Ова е најсексапилната жена на зодијакот. Таа сака силен и издржлив маж. Се чини дека е воздржана, но нема предрасуди или ограничувања во спалната соба. Во својата младост, таа брзо станува свесна за својата сексуалност и ги истражува границите на задоволството, а во зрелоста целосно ужива во тоа. Обожава да носи црна, секси, долна облека, високи потпетици и мини здолништа.

Маж: Страстен, непредвидлив, мажествен, кој пружа неверојатно задоволство. Љубоморен е и мошне перверзен. Тешко ја контролира својата сексуална енергија, потребна му е издржлива жена подготвена за изненадувања и предизвици. Во екстаза тој умее да гризе, стиска, и нагло да продира во жената.

Ерогени зони: Најчувствителниот дел кај нив се гениталиите кои им реагираат дури и на лесен допир.

Идеални партнери: Бик, Јарец, Риби.

СТРЕЛЕЦ

Жена: Искренa, дружељубива, со силна смисла за хумор. Taa отворено зборува за сексот и смело започнува возбудливи еротски авантури. Во својата младост експериментира, во зрелоста ги цени квалитетните односи, во кои, покрај сексот сака да негува и пријателство. Ужива да води љубов на отворено, под отворено небо. Потребна ѝ е слобода и контакт со природата. Ужива во страсни милувања и бакнежи на колковите и бутовите, но и на косата.

Маж: Весел, интересен соговорник кој сака да се за бакнува, но се плаши од зближување. Тој првенствено ја цени личната слобода. Играта на освојување и предиграта го возбудуваат повеќе отколку самиот чин кој вклучува секс. Обожаваат еротски игри, особено меѓусебна масажа која ќе си ја пружаат меѓусебно со партнерката.

Ерогени зони: Бакнежите во внатрешноста на бутовите претставуваат плима на страст за нив.

Идеални партнери: Овен, Лав, Водолија.

ЈАРЕЦ

Жена: Воздржана, студена и воздржана на прв поглед. Под ледената површина лежи вулкан на страст што избувнува со текот на возраста. Достигнува целосна сексуална зрелост во средната возраст. Тогаш таа е самоуверена и нема страв од одбивање. Мажот кој ќе ја препознае нејзината сексуална природа го очекува огромно задоволство. Таа сака долго водење љубов и има потреба од еластичен маж. Не е за долга предигра туку за огнен контакт.

Маж: Сериозен, успешен, лојален, маж кој обезбедува сигурност. Го привлекуваат интелигентни жени од кои очекува ногу повеќе од секс – сигурност и поддршка. Тој има голема сексуална енергија и подготвен е да ја однесе партнерката до оргазам. Издржлив е, ќе испроба сè додека не ја задоволи.

Ерогени зони: Масажа во долниот дел од ’рбетот им го буди потиснатиот еротски оган.

Идеални партнери: Бик, Девица, Скорпија.

ВОДОЛИЈА

Жена: Пријателски настроена, отворена, интелигентна, креативна. Таа бара идеален партнер и врска, поради што е склона кон истражување во својата младост. На средна возраст, таа е посвесна за сопствените квалитети и со задоволство му се препушта на сексот. Таа е имагинативна и оригинална, експериментира во потрагата по задоволство. Верува дека мозокот на мажот е главниот еротски орган. Склона е на шепоти на перницата и валкани зборови што го полудува нејзиниот партнер. Нема табу-теми за неа.

Маж: Пасивен, очекува партнерот да ја презеде иницијативата. Жената го интересира прво како личност, а подоцна започнува да се интересира за неа на еротски план. Тој освојува трпеливо и сака долги предигри. Кога ќе достигне возбуда, ги искажува своите страсти на имагинативен начин. Го привлекуваат егзотични еротски експерименти и искуства.

Ерогени зони: Листовите на нозете им се особено чувствителни – допрете ги со јазикот и тие ќе ја изгубат контролата.

Идеални партнери: Овен, Близнаци, Вага.

РИБИ

Жена: Женствена, сензуална, интуитивна и романтична. На кокетен начин го истакнува својот шарм и ги привлекува мажите. Сонува за вечна љубов, поради што лесно се разочарува во младоста. Кога ќе стекне искуство е во состојба да го препознае добриот секс. Подложна е на сугестии и предлози во креветот. Лесно ги прифаќа предлозите на партнерот кои вклучуваат нови пози и невообичаени искуства. Се обидува да го задоволи партнерот и верува дека ништо не е забрането во љубовта.

Маж: Емотивен, нестабилен и страстен. Го привлекуваат промените, заведувањето и истовремено се стреми кон емоционална стабилност. Сонувач што чита поезија, сака прошетка на полна месечина. Кога ќе се за вљуби станува покорен. Тој е возбуден од фантазијата на доминантна женска љубовница.

Ерогени зони: Нозете им се особено чувствителни, галете ги и бакнувајте ги, ќе им ја запалите фантазијата.

Идеални партнери: Рак, Скорпија, Јарец.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg