Еротски хороскоп – што ве возбудува според знакот?

Доколку сте во потрага по партнер, можеби ѕвездите ќе ви бидат од мала помош. Согласно хороскопскиот знак, секој од нас има свои ерогени зони, работи што го возбудуваат, му се привлечни или одбивни.

Erotski-horoskop-sto-ve-vozbuduva-spored-znakot-01.jpg

Дознајте кои се тие според вашиот хороскопски знак:

ОВЕН

Жена: Страсна, ужива во жешки прегратки и се препушта во врските без предрасуди. Сака да доминира и обожава еротски игри. Од мажот очекува тој да биде издржлив и да го следи нејзиното темпо. Во занесот може да гребе и да гризе. Доколку мажот не е подготвен за жежок секс, таа брзо ќе го изгуби интересот. Во младоста не е приврзана само за еден партнер, туку е во потрага по предизвици. Кога ќе го пронајде вистинскиот ќе го зграпчи неговото внимание со својата изразена еротска страна.

Маж: Енергичен и неуморен во креветот. Нема време за долги предигри. Го привлекува сè она што е шокантно и забрането. Доколку сакате да го освоите, ослободете се од предрасудите и не му ветувајте работи кои очигледно се срамите да ги направите. Ќе го задржите само доколку покажувате нови вештини за време на сексот.

Ерогени зони: провлечете ги прстите низ нивната коса и грицнете им го увото, ќе ги полазат слатки морници.

Идеални партнери: Лав, Стрелец и Водолија.

БИК

Жена: Сензуална и притаено еротска. Сака долги предигри, а особено е чувствителна на бакнежи во пределот на вратот. Со годините станува свесна за својата сексуалност и станува и послободна и пострасна. Има нагласено сетило за вкус, па ужива во бакнежите, но и во оралниот секс. Во зрелите години умее вешто да ја води еротската игра и знае како да ја разбуди фантазијата кај партнерот. Тивко умее да ги одбива, но и да ги провоцира мажите, покажувајќи огромен еротски потенцијал.

Маж: Освојува постепено, но нема да отстапи од жената којашто го привлекува. Чувствителен е и ги сфаќа еротските потреби на партнерката. Сака класични сексуална пози, но нема да ги одбие ниту оние „поегзотичните“. Освојувајте го полека. Ќе ви пружи сигурност и длабоко уживање.

Ерогени зони: Страсни бакнежи во вратот веднаш под увото ќе ја разбуди нивната вулканска страст.

Идеални партнери: Скорпија, Јарец, Риби

БЛИЗНАЦИ

Жена: Заводлива, шармантна, волшебен соговорник. Се одликува со слобода на духот и не сака партнер којшто ќе ја ограничува. Сака да се дружи, да излегува и да склопува пријателства. Ужива во спектарот на еротските игри, од вербално додворување, ласкаво шепотење до провокативно однесување и предизвици. Имагинативна, љубопитна, таа го задржува младешкиот дух дури и во зрелите години, поради што мажите никогаш не ја забораваат. Секогаш различни, подготвени за секакви експерименти во името на сексуалното задоволство.

Маж: Интелигентен, духовит, интересен. Нема да му одговара на партнер кој очекува сериозна врска. Покрај него, иднината е неизвесна, но сегашноста е многу забавна. Тој ужива да води љубов пред огледало, со вклучени светла. Тој сака разновидност.

Ерогени зони: Бакнежи во внатрешниот дел на рацете, од дланките до пазувите им ја разгорува страста.

Идеални партнери: Лав, Вага, Водолија.

РАК

Жена: Сензуална и срамежлива. Треба да се увери во искреноста на нејзиниот партнер за да ѝ се препушти на еротиката. Ќе ја освоите со комплименти, а се опушта со долга предигра и бакнување на градите. Срамежливоста исчезнува со зрелоста. Кога стекнува животно искуство и самодоверба, станува сензуална и сексуална. Ужива во нежни милувања и му возвраќа на партнерот. Сака бакнежи. Таа е една од ретките кои може да доживеат оргазам само со бакнување. Одбивни ѝ се груби и нападни мажи кои сакаат брз секс.

Маж: Сентиментален со променливо расположение и желен за докажување на љубов. Бидејќи е несигурен, тој генерално доминира кога има впечаток дека е поискусен од партнерот. Тогаш ужива да ѝ ги открива тајните на сексот. Тој сака долга предигра, а потоа се труди да ги задоволи потребите на партнерот.

Ерогени зони: Галењето на градите и брадавиците со врвовите на прстите е вистински стимуланс.

Идеални партнери: Бик, Девица и Риби.

ЛАВ

Жена: Доминантна и достоинствена. Таа очекува мажот да ѝ се додворува, да ѝ се восхитува, практично да ја обожава и да ја опсипува со внимание. Кога страстите ќе се разбудат, таа е огнена и реагира бурно. Таа ужива во бакнежи во пределот на бутовите. Обожава да води љубов пред огледало, додека партнерот ѝ се восхитува на нејзиното тело и сексуалните вештини. Сака доминантни позиции и кога го води темпото. Во зрелоста што ја бара кај партнерите, таа е возбудена од улогата на љубовница.

Маж: Самоуверен, дарежлив, огнен, но и ранлив. Лесно е да се освои со ласкање. Очекува неговата партнерка секогаш да биде расположена за секс. Предиграта е кратка, но тој како сексуален партнер мошне издржлив. Го возбудува кога жената е потчинета во сексот, кога ја губи контролата и вреска.

Ерогени зони: Ќе се опуштат доколку лесно, со врвовите на прстите и ноктите, поминете по должината на нивниот грб.

Идеални партнери: Вага, Стрелец и Водолија

ДЕВИЦА

Жена: Сериозна, ненаметлива, одмерена, како во животот, така и во сексот. Г презира агресивните мажи. Само кога партнерот ќе ја добие нејзината доверба, таа е подготвена за еротски контакт. Пред сексот, таа е онаа што предлага заеднички туш или бања. Опуштена е доколку ѝ се исполни потребата за чистота. Ќе ужива доколку нејзиниот партнер нежно ја милува и бакнува областа околу нејзиниот папок.

Маж: Промислен, нежен и внимателен. Тој не е романтичен тип, тој е едноставно учтив и го проучува однесувањето на жената пред да ѝ пријде. Не е склон кон вулгарни изливи на страст. Тој ќе ја праша жената што сака и како да ја задоволи.

Ерогени зони: Бакнежите во пределот на половината ќе ги натераат да треперат од желба.

Идеални партнери: Бик, Скорпија, Јарец

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg