Бикот сака да јаде и спие, Вагата сака релакс-масажи – Како изгледа одморот од соништата за секој од знаците?

Вага

Вагата ќе биде најсреќна во спа-центар кога станува збор за летниот одмор. Пливање, малку сончање, но најмногу време ќе им посвети на масажите за релаксација, како и на третманите за убавина.

Вагата е една од оние кои ќе внимаваат на својата исхрана, дури и кога се на одмор, и ќе си закажат и неколку третмани за убавина, бидејќи сакаат да се вратат подобро и поубави отколку што биле пред да појдат на одмор.

Скорпија

Скорпијата е знакот кој најмногу го сака пливањето во вода, а и нуркањето како активност воопшто не е исклучено. За неа одморот значи бескрајно синило до недоглед и постојано „киснење“ во вода.

Водата е лековита, таа ќе ѝ даде доволно моќ и енергија да се справи со сите стресови и проблеми кои ги преживува преостанатите 355 дена во годината. Вода и многу секс, тоа е идеалниот одмор за една Скорпија.

Стрелец

Стрелецот обожава далечни дестинации, запознавање на нови луѓе и култури. Совршениот летен одмор подразбира и испробување нова храна и пијалаци.

На Стрелецот не му е битно што ќе спакува за на одмор, голема е веројатност да тргне со мало ранче на грбот. Сака егзотични, нетипични локации. Дури и откако ќе ги потроши парите, Стрелецот ќе најде начин да остане уште неколку дена плус, спријателувајќи се со некој од локалното население.

Јарец

Одмор? А што е тоа? За Јарецот тоа е едноставно губење време (и пари). Наместо да оди на одмор, Јарецот ќе најде некоја тезга каде што ќе заработи некој денар плус.

Доколку сепак се одлучи да оди некаде, тоа ќе биде нешто што не подразбира трошење на многу пари, можеби одмор во некое рурално место, каде што ќе пешачи или пак ќе се искачува по карпи и планински врвови.

Водолија

Водолијата е во потрага по уникатен и необичен одмор каде што никој нема да ѝ ја скратува слободата. Најдобро ќе си помине на одмор доколку тргне сама. Еден ден ќе посака да јаде „од нога“, а веќе следниот ќе помине 3 часа на најобичен ручек.

Ќе ужива во изолирана викендичка во некоја дивина или пак во апартман кој се издигнува над океански бранови во водата. Сè што изгледа лудо и необично, Водолијата прва ќе се пријави да го види сето тоа.

Риби

За Рибите, одморот е одличен начин да си ги наполнат батериите и да си ја излекуваат душата. Сакаат убави места исполнети со чиста и недопрена природа. Би кампувале само доколку ги имаат сите услови за тоа.

Навечер сакаат да се опуштат со убава музика и вино, додека читаат книги, пишуваат поезија или пак цртаат нешто во тетратката. Одмор е она што ја полни душата со убавина, а Рибите се луѓето кои вистински знаат да се опуштат на одмор.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg