Бикот сака да јаде и спие, Вагата сака релакс-масажи – Како изгледа одморот од соништата за секој од знаците?

Кога станува збор за одмор, сите имаме различни вкусови и желби. Тоа што за некој е одмор, за друг е замор. Близнаците на пример не можат да го замислат одморот без да го отворат лаптопот и да ѕирнат што се случува на работа.

Kako-izgleda-odmorot-od-sonistata-za-sekoj-od-znacite-01.jpg

Биковите пак сè што сакаат од еден одмор е – лежење, јадење, пиење и спиење. А какви сте вие?

Како изгледа вашиот идеален одмор според хороскопскиот знак?

Овен

Што очекува еден типичен Овен од својот идеален одмор? Авантура, возбуда и акција. Најсреќен ќе биде доколку испроба некој нов, екстремен спорт или пак се упати на далечна дестинација на некој егзотичен остров. Овенот сака да е постојано во движење и сака одмор исполнет со адреналин.

Сите коишто не се подготвени за ваков тип на забава не би требало да тргнат со него на одмор. Тој сака секоја минута да му е исполнета со некаква активност - од играње карти и фризби, до подавање на топка во водата, возење педалинка или пак летање со падобран или параглајдер. 

Бик

Бикот оди на одмор – за да се одмори. Толку лесно и едноставно. Нема да го натерате да стане и да прави нешто возбудливо, нешто што подразбира трошење на многу енергија.

Ќе го најдете покрај шведската маса како одбира вкусна храна, покрај базенот со коктел во раката, со добра книга или како медитира замислен во една точка. Биковите сакаат убава природа во комбинација со убава храна. И многу сон.

Близнаци

Близнаците се неуморни, па не можат да се замислат себеси на „статичен“ одмор. Ќе тргнат со лаптопот, телефонот и ќе си понесат и малку работа со себе. Ќе одговорат на најмалку 20 службени мејлови и уште толку повици поврзани со работата или решавање на некој проблем.

Во останатиот дел од одморот ќе истражуваат, ќе го посетат секое скриено ќоше од дестинацијата којашто ја одбрале, ќе се вклучуваат во живо на друштвените мрежи и ќе бомбардираат со фотки и видеа од одморот.

Рак

Ракот е најсреќен кога тргнува на одмор со своето семејство. Сака домашна атмосфера дури и кога е на летен одмор, што значи скара, домашно печено лепче или кифлички, тазе подготвени палачинки. За Ракот, идеалниот летен одмор е исто како да си дома, само да има базен, море или езеро во близина на сместувањето.

Навечер сака да се опушти со филмови и серии коишто не успеал да ги погледне во текот на годината или пак да запее покрај некој што умее да свири на гитара.

Лав

Кога станува збор за Лавот и неговиот идеален летен одмор, додадете гламур, екстравагантност, џет-сет. Лавот сака скапи и луксузни одмори, како и да биде во друштво со познати луѓе.

Сака да тргне со поголемо друштво на одмор и обожава кога е во центарот на вниманието. За него, одмор без луди летни забави не е одмор, а таму бидете сигурни дека ќе го пие најскапиот шампањ. Сака огромни, пространи и луксузно средени плажи со уште поскапи коктели.

Девица

Девицата сака мирен одмор на некоја изолирана локација, каде што парадоксално ќе биде многу активна. Тоа значи – планина, планинарска тура, рафтинг, кајакарење… активности кои ќе ѝ потрошат многу енергија, а сепак нема да биде опкружена со премногу луѓе.

Во овој период Девицата ќе се обиде целосно да се опушти и да се исклучи од светот, но планирањето е посилно од неа, па многу веројатно е дека на одморот ќе успее да ја испланира целата следна година.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg