Најсуровите хороскопски знаци - немаат ни срце ни душа и би продале сè во име на интересот

Астролозите тврдат дека овие 4 се меѓу најлошите знаци во зодијакот.

Najsurovite-horoskopski-znaci-01.jpg

Веројатно сте сретнале барем една личност во животот која навидум изгледа како да се грижи за сите луѓе околу неа. А сепак има нешто ладно и горделиво во неа, се крие некаква лукавост и лицемерство.

Доколку верувате во хороскоп, ова се четирите најсурови знаци според астрологијата:

Рак

Зошто Раковите се толку студени? Доколку се повредени или предадени на некој начин, тие можат да станат многу нечувствителни преку ноќ.

Почнуваат да однесуваат како да е мртва личноста што ги разочарала и ја бришат на секој можен начин од животот.

Јарец

Јарците не се особено успешни во областа на емоциите, а луѓето кои ги покажуваат ги сметаат за слаби и несигурни. Тие се доживуваат и претставуваат себеси како практични и амбициозни луѓе.

Сакаат да ги искористуваат другите луѓе за лична корист и воопшто не чувствуваат грижа на совест. Јарците се вешти манипулатори кои би ја продале и сопствената мајка во име на целта и успехот.

Скорпија

Не простува, ниту пак заборава. Најсуровиот од знаците е подготвен да размислува од утро до мрак како да ја сервира својата одмазда. Неговата пакост понекогаш се граничи со лудило, бидејќи е страшно опседнат и фокусиран на целта.

Љубоморна, деструктивна, мрачна и крајно саркастична, Скорпијата е еден од знаците кои можат да ви го загорчат животот доколку го наумат тоа.

Близнаци

Близнаците можат да бидат крајно непредвидливи – во еден момент изгледаат љубезно и пријателски расположени, во друг момент се ладни и нечувствителни. Ако ги повредите, нема спас за вас бидејќи тие секогаш ќе ви ја затвораат вратата кога и да се обидете да разговарате со нив.

Воедно, имаат тенденција да ве озборуваат насекаде. Не е доволно што тие ќе ви станат непријатели, тие сакаат апсолутно сите да ви се непријатели.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава