Најдлабоките стравови кај знаците: Скорпијата се парализира кога треба да се отвори, Девиците мразат неред - Results from #1


Најдлабоките стравови кај знаците: Скорпијата се парализира кога треба да се отвори, Девиците мразат неред

Вага

Вагата е фокусирана на мир и љубов. Не може да поднесе кавга или судир и ќе го избегне ова по секоја цена. Ова не значи дека Вагата се плаши да се повреди себеси. Таа повеќе се плаши дека ќе ѝ предизвика болка на некоја блиска, сакана личност поради работите што ќе ги каже во лутина.

Скорпија

Во професионалниот свет, Скорпијата е една од најсамоуверените личности што ќе ги запознаете некогаш. Но, кога станува збор за личните и емотивните односи, оние коишто вклучуваат отворање, споделување на емоции, Скорпијата ќе остане парализирана од страв. Токму затоа ретко го спушта штитот.

Стрелец

Иако можеби не изгледа така, Стрелецот сака да ги држи работите код контрола. Тие се како слободно птици кои сакаат да бидат креативни и да истражуваат возбудливи работи. Особено не сакаат кога некој се обидува да ги контролира нивните постапки и одлуки, ова е нивниот најголем страв.

Јарец

Јарецот е особено добар кога треба своите соништа да ги претвори во реалноста. Тој точно знае што сака и точно знае како да го добие тоа. Нивниот најголем страв е дека другите луѓе околу нив нема да ги разберат нивните желби и соништа и дека потајно ќе ги исмејуваат.

Водолија

Водолијата, повеќе од сè друго, сака да биде секогаш тука за своите најмили. Особено интересно е што Водолијата е една од ретките што може да остане мирна во напнати ситуации. Нивниот најголем страв е дека ќе дојдат во позиција во којашто нема да може да им пружат помош и заштита на саканите.

Риби

Рибите се исто толку чувствителни како Раковите и преполни со идеи. Нив не им пречат критиките на нивните идеи, но затоа многу ги мразат кавгите. Дури и кога Рибите знаат дека критиката е целосно неоснована, тие најверојатно нема да кажат ништо во врска со тоа, бидејќи ова е премногу стресна ситуација за нив.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кои се најголемите стравови и комплекси на секој маж, според хороскопот? Мажите не се бестрашни суштества, а според хороскопот, секој од знаците има неко...
Близнаците се први да се сликаат за Инстаграм, Јарците се лути: Што прават хороскопските знаци кога ... Ги видовме маките со кои луѓето се соочуваат за време на снег, како и убавините ...
Најголемата иронија кај секој хороскопски знак Сите 12 знаци во Зодијакот си имаат темна, иронична страна која вешто се обидува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg