Најдлабоките стравови кај знаците: Скорпијата се парализира кога треба да се отвори, Девиците мразат неред


Најдлабоките стравови кај знаците: Скорпијата се парализира кога треба да се отвори, Девиците мразат неред

Астрологијата тврди дека го има одговорот кој се однесува на најинтимните тајни кај секој од 12-те знаци на зодијакот. Лавот, на пример, се плаши дека целата негова напорна работа, трудот и вештините ќе поминат незабележано и без пофалби.

Najdlabokite-syravovi-kaj-znacite-01.jpg

Кои се останатите најдлабоки стравови кај знаците?

Овен

Најголемиот страв на Овенот е дека ќе направи нешто што ќе предизвика неговата сакана личност да се спакува, да го напушти и да продолжи понатаму без него. Овенот е во потрага по траен и добро осмислен партнерски однос и многу го погодува доколку не го постигне ова.

Бик

Бикот како знак е неверојатно сигурен извор на помош, информации и одличен лидер. Поголемиот дел од Биковите се плашат дека нема да добијат ни половина од овие работи за возврат. Тие копнеат по стабилност во нивните односи како и во поглед на ресурсите.

Близнаци

Ова е знак што го внесува својот живот и срцето во работата. Ова ги прави едни од најпродуктивните и најстручните луѓе што ќе ги запознаете. Што се однесува до нив, сè што прават подлежи на подобрување. Тој страв од несовршеност постојано ги тера да ги подобруваат своите лични вештини.

Рак

Раковите како многу чувствителни луѓе, воедно се и најстрасни, најтопли луѓе полни со љубов. Но, истовремено се и многу чувствителни на одбивање. Тие се толку емоционално поврзани со саканите луѓе, што какво било воочливо одбегнување или игнорирање е како да го боцкате во вжарено стапче.

Лав

На површината, Лавот изгледа многу сигурно, стручно и стабилно. Иако никогаш нема да го покажат тоа, тие имаат длабок страв дека сите нивни вештини, трудот и работата ќе поминат незабележано и дека никој нема да ги пофали за сработеното.

Девица

Таа копнее за ред и стабилност. Во нивниот дом, сè си има свое место. Девиците секогаш доаѓаат навреме и никогаш нема да ги видите неподготвени или несредени. Ова е поттикнато од нивниот длабок страв од хаос. Девиците не може да поднесат неорганизирани луѓе и бучни, неуредни места.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кои се најголемите стравови и комплекси на секој маж, според хороскопот? Мажите не се бестрашни суштества, а според хороскопот, секој од знаците има неко...
Близнаците се први да се сликаат за Инстаграм, Јарците се лути: Што прават хороскопските знаци кога ... Ги видовме маките со кои луѓето се соочуваат за време на снег, како и убавините ...
Најголемата иронија кај секој хороскопски знак Сите 12 знаци во Зодијакот си имаат темна, иронична страна која вешто се обидува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg