Љубовен хороскоп за октомври 2021: Ракови – афера која ќе ви го наруши угледот, Скорпии – ќе откриете голема тајна

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2021-rakovi-afera-koja-kje-vi-go-narushi-ugledot-skorpii-kje-otkriete-golema-tajna-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Првата половина на октомври ќе ви донесе нови и големи предизвици во врската која ќе биде ставена на проба на издржливост. Најважно е да избегнувате натпреварување помеѓу себе, кавги и да изградите подобра комуникација. Односот ќе го подобрите со внесување повеќе забава во секојдневието, како и давање на поддршка на партнерот. Сепак, провокациите се провлекуваат до самиот крај на месецот.

Ако сте слободни

Страста ќе ви се зголеми во првата половина на октомври, ве очекува динамична и возбудлива авантура со личност која ќе умее да ве поведе во акција. Но, од друга страна ќе дојде до конфликт околу тоа кој ќе го има главниот збор. Втората половина на месецот ќе ја поминете во забава со новиот партнер, па ќе бидете сведок на љубоморни сцени што може да доведе до раскинување.

Скорпија

Ако сте во врска

На почетокот на октомври ќе бидете повеќе посветени на себеси и ќе ги запоставувате потребите на партнерот. За да избегнете заладување на односите и проблеми, бидете подготвени на разговор. Потребна е иницијатива за решавање на важните работи. Во втората половина ќе бидете подготвени да се доверите на партнерот за нешто што не го кажувате никому. Можно е преуредување на заедничкиот дом.

Ако сте слободни

Ќе бидете склони кон забавување со личности кои не се слободни, ќе сакате тајни авантури, но тоа задоволство ќе трае само кратко. Потребна ви е поголема радост и исполнување. Ќе го смените фокусот од краткотрајни авантури и ќе барате личност која ќе дојде до израз со нешто подлабоко. Ќе идеализирате. Лесно ќе започнете врска.

Стрелец

Ако сте во врска

Подобрување на комуникацијата со партнерот, повеќе конструктивни разговори, смеа, забава, разбирање и успешни договори се на љубовната агенда за октомври. Ќе се сложите за многу заеднички планови со партнерот. Во втората половина ќе се отворите кон партнерот и без сомневање ќе откриете што ви пречи и создава притисок во односот. Ќе добиете поддршка.

Ако сте слободни

Од почетокот на месецот ќе бидете расположени за авантури, но ќе избегнувате да влегувате во таква шема, бидејќи сметате дека нема да ви годи. До средината на месецот може да запознаете некој со кој меѓусебно ќе се привлечете веднаш. Ќе се гледате и ќе си се отворате еден на друг, а до крајот на месецот ќе сфатите дека сте создадени да бидете заедно.

Јарец

Ако сте во врска

Првата половина на месецот ќе доведе до будење на заспаните страсти и до подобрување на динамиката во односите со партнерот. Ќе се поттикнувате меѓусебно на заеднички активности во кои двајцата ќе уживате и тоа ќе придонесе за поголемо расположение во односот. Ќе пронаоѓате повеќе време за интимни моменти. Втората половина може да доведе до остварување на заеднички цели. Ги откривате вредностите и предностите кои не сте ги гледале порано.

Ако сте слободни

Физичкиот изглед ќе биде првото нешто што ќе ве привлече кај некоја личност, но подоцна ќе има и подлабока поврзаност која ќе ја почувствувате меѓусебно. Ќе си делувате магнетски привлечно и веднаш ќе почнете да се гледате и да разговарате како да се знаете цел живот. Несигурни сте на почетокот, но брзо ќе сфатите дека имате сродна душа покрај вас.

Водолија

Ако сте во врска

Ќе ви се отворат можности за заедничко патување на место каде ќе ви се разбудат страстите и ќе ја откриете возбудливата страна во себе. Заеднички ќе си откривате нови работи кај себе и кај партнерот и ќе уживате во искуството. Во втората половина ќе си пружате поддршка, посебно вие на партнерот, но ќе бидете склони и кон сомневање и криење на некои лични проблеми.

Ако сте слободни

Ќе запознаете личност која доаѓа од далеку и која ќе ве привлече со приказната која ја носи во себе и личните квалитети. Ќе дојде до обострани симпатии, блискост и интимност. Ќе поминете убави заеднички денови кои нема да сакате да ги заборавите кога повторно еден ќе замине. Ќе почнете со врска на далечина и ќе размислувате за заеднички живот.

Риби

Ако сте во врска

Месецот ќе започне со кавги затоа што многу време поминувате на друштвени активности, а партнерот е запоставен. За среќа, јасно ќе ги согледате барањата и потребите на саканата личност и ќе ги подобрите односите. Собирате средства за заеднички живот, а може да ви тргне во одлична насока и набрзо да си го исполните сонот.

Ако сте слободни

Ќе бидете отворени за авантури и ќе ви се укаже шанса да влезете во несериозни интимни односи, но брзо ќе се предомислите. Ќе запознаете некој кој ќе ве привлече со оптимизмот и ведриот дух. Лесно наоѓате заеднички теми, споделувате многу приватни искуства кои не сте ги доживеале со друг и брзо ќе почнете врска.



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg