Љубовен хороскоп за октомври 2021: Ракови – афера која ќе ви го наруши угледот, Скорпии – ќе откриете голема тајна


Љубовен хороскоп за октомври 2021: Ракови – афера која ќе ви го наруши угледот, Скорпии – ќе откриете голема тајна

Влегување во тајни афери, „паѓање“ на зафатени личности, кавги во семејството, заеднички патувања, купување заеднички дом – што од ова ве очекува во октомври на љубовно поле?

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2021-rakovi-afera-koja-kje-vi-go-narushi-ugledot-skorpii-kje-otkriete-golema-tajna-01.jpg

Октомври ќе биде турбулентен месец на љубовно поле – додека едни знаци ќе имаат среќа да уживаат во хармонија, други ќе бидат исправени пред сериозни предизвици и раскинувања.

Прочитајте што ве очекува:

Овен

Ако сте во врска

Почетокот на месецот, поточно 2-ри октомври ќе ви ги разбуди страстите со партнерот, а тоа ќе ви годи и ќе донесе динамика во врската. Имате мотивација со заеднички сили да почнете со остварување на цели кои ќе ви го подобрат животот. Ќе успеете да ги решите и тешкотиите кои ви правеа проблеми во изминатиот период. Задоволни сте од тоа што го имате.

Ако сте слободни

Почетокот на месецот ќе ви донесе познанство со личност која ќе ве привлече со силниот изглед и физички црти, а потоа и со карактерот. Лесно ќе паднете во замка на љубовта, ќе почнете да се гледате интензивно и да поминувате многу време заедно. Посебно ќе ве привлече тоа што оваа личност ќе ве мотивира да го покажете најдоброто од себе.

Бик

Ако сте во врска

Од 8-ми октомври нешто ќе ве натера да покренете иницијатива во однос на саканата личност. Ќе внесете освежување во врската и ќе го движите партнерот по нагорна линија, остварувајќи заеднички цели. Ќе ја подобрите комуникацијата и ќе водите конструктивни разговори. Кон крајот на месецот ќе ви се исполни некоја желба која долго ја посакувате.

Ако сте слободни

До средината на месецот ќе влезете во интимни односи со личност која ќе ве привлече со изгледот. Односот ќе ви биде динамичен, а новиот партнер ќе ви влијае позитивно, ќе биде полн со иницијатива и ќе ви ја зголеми мотивацијата за нови работи. Сепак, втората половина на месецот ќе донесе конфликти и врската ќе биде ставена на тест. Ако го поминете, ќе започнете сериозна врска.

Близнаци

Ако сте во врска

Почетокот на месецот ќе ви донесе несогласувања со партнерот и склоност кон некоректен однос. Непочит кон заеднички договори, впуштање во афери зад грбот на партнерот … ова нема да донесе ништо добро. За среќа, ќе ви се отворат можности за искрени разговори и ќе најдете заедничко, прифатливо решение.

Ако сте слободни

Ќе бидете склони кон авантури уште од почетокот на месецот, но ќе бидат кратки и минливи. До средината на месецот може да запознаете некој кој ќе ве привлече со карактерот и интелектот. Можете лесно да се пронајдете со ваква личност во секојдневието, па брзо ќе се впуштите во врска, но со преголеми очекувања. Можни се мали разочарувања. До крајот на месецот ќе откриете дали сте еден за друг.

Рак

Ако сте во врска

Месецот ќе започне со несогласувања во семејството, посебно со партнерот. Ги запоставувате блиските заради други обврски, а саканата личност тоа нема да го толерира. Не се држите до договорот. Сепак, не се откажувате, па со заеднички сили ќе се обидете да се вратите во нормала и да ги решите проблемите. Ќе имате и подобрување на заедничкиот буџет и севкупно квалитетот на заедничкиот живот.

Ако сте слободни

На почетокот на месецот може да паднете во искушение да влезете во афера која ќе ви го наруши угледот. Внимавајте на односот и тајните врски со личност која не е слободна. Искористете го периодот да запознаете личност која ќе ве привлече со изгледот и харизмата. Оставете простор за оваа личност, нема да можете да одолеете и нема да се покаете.

Лав

Ако сте во врска

Првата декада од октомври ќе биде важна и поволна за сериозни разговори со саканата личност и за договори околу заедничките цели. Ќе успеете да ги надминете минатите несогласувања и ќе ја подобрите комуникацијата. Кон средината на месецот ќе внесете стабилност. Заедничкото време ќе почнете да го исполнувате со забава и нешто во што двајцата уживате. Кон крајот на месецот ќе си наметнувате доминација, внимавајте како ќе ви заврши октомври.

Ако сте слободни

На почетокот на месецот ќе запознаете личност со која добро ќе се разбирате уште од првиот момент. Имате многу заеднички теми и ќе ви се отвораат можности да бидете искрени и да откриете тајни за себе. Ќе бидете целосно прифатени, без предрасуди. Брзо ќе почне да се создава хемија помеѓу вас и емоциите ќе го направат своето. Ќе треба време да се приспособите еден на друг за сериозна врска.

Девица

Ако сте во врска

Октомври ќе ве дочека со несогласувања бидејќи нема да се придржувате до разни договори и ќе имате некоректно однесување кон партнерот. Недоволно пружате внимание и поддршка, поработете на тоа. За среќа, ќе успеете да разговарате за она за што не се согласувате и да го надминете незадоволството. До крајот на месецот ќе ги подобрите семејните односи, но не очекувајте премногу.

Ако сте слободни

Познанството со интелектуална и образована личност ќе ви годи. Комуникативноста ви е силна страна на двајцата, па од почетокот ќе има меѓусебна привлечност и теми за разговор. Добро се разбирате и ќе поминувате многу време заедно. Можно е да почнете и некој заеднички проект. Работите ќе се одвиваат брзо.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2017-та - Бик Тврдоглавиот, но и трпелив Бик, секогаш е подготвен да го преживее „невремето“, ...
10 работи кои треба да ги знаете пред да влезете во врска со Овен Официјално започна сезоната на Овен, а по тој повод откриваме неколку работи за ...
Љубовен хороскоп за мај 2017: Oвните ќе доминираат над партнерот, Водолиите не помислуваат на емоции На кого месец мај ќе му донесе доминација, а на кој жртвување за љубовта? Дали в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg