Темната страна на хороскопските знаци: Во кој круг на пеколот припаѓате?


Темната страна на хороскопските знаци: Во кој круг на пеколот припаѓате?

Сeкој од нас има темна страна... Се согласувате ли?

Temnata-strana-na-zodijakot-vo-koj-krug-na-pekolot-pripagjate 01 630x330.jpg

Верувањето дека истата ќе ве доведе во огнена бездна откако ќе умрете (под претпоставка дека верувате во пеколот), повторно зависи од вас.

Како и да е, никој не е совршен. Дел од нас водат проблематични животи, некои од нас имаат вознемирувачки мисли, а други пак едноставно не можат да ги избегнат проблемите, колку и да се обидуваат.

„Божествена комедија“ на италијанскиот поет Данте Алигиери е едно од најистакнатите светски, книжевни дела во светската литература. 

Се состои од три дела, и тоа: пекол, чистилиште и рај. Да претпоставиме дека навистина постои пекол, а со тоа и 9-те кругови на Данте, во кој мислите дека би завршиле?

Секако, хороскопот е шеговит и не треба да го земате „при срце“, ниту да се навредите. 

Во продолжение ви ја откриваме „темната страна“ на зодијакот:

Водолија – прв круг 

Вие сте доволно невина личност - па затоа, судбината ќе ви олесни.

Вашата „црна дамка“ е водењето живот без каква било форма на духовност, и затоа мора да страдате во првиот круг.

Другите можеби доживуваат кошмари, но за вас вечноста може да биде помалку здодевна.

Овен – втор круг

Ако нешто прави да се чувствувате добро, подготвени сте да прифатите разни предизвици. Тоа е вашето мото.

Никогаш немате намера да повредите некого – сѐ додека тој „некој“ не го попречува вашиот пат.

Вага – трет круг

Уживате во добриот живот, но изгледа дека вашите уживања немаат крај.

Тежнеете за денови полни со страст, храна, среќа, тага... Ако има простор за повеќе, добро или лошо - ќе го прифатите.

Обидете се да ги „стишите“ вашата лакомост и алчност.

Стрелец – четврт круг

Иако повеќето луѓе го гледаат животот како подарок, вие го гледате како ваш личен придонес.

Понекогаш не е лошо да бидете задоволни со она што го имате, без да истакнувате што и колку сте направиле за истото.

Рак - петти круг

Ниту еден од другите кругови не ве сака, така што вие навистина завршувате тука.

Вашето расположение постојано се менува и никој на планетата Земја не може да се справи со вас кога сте во вашите „лоши“ денови.

Во пеколот би било речиси идентично, освен тоа што ќе го вкусите сопствениот „лек“ до крајот на вечноста.

Бик - шестиот круг

Никогаш не сте го живееле животот како марионета, и во вашите очи, тоа е добра работа.

Но, во очите на рајот и пеколот, вие сте погрешиле.

Додека „танцувавте“ околу идејата за задгробен живот, задгробниот живот ја планираше вашата судбина. Заблагодарете му се на вашиот посесивен став кој сепак не ви бил од корист.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Вашата најсилна страна според хороскопскиот знак (која другите не ја гледаат) Лавовите можеби сакаат да бидат во центарот на вниманието и изгледаат како најго...
Годишен хороскоп за 2017-та - Бик Тврдоглавиот, но и трпелив Бик, секогаш е подготвен да го преживее „невремето“, ...
Како се однесуваат хороскопските знаци во соба која нема клима? Што е најлошо нешто во лето? Кога е премногу жешко. А што е уште полошо? Кога ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg