Како се однесуваат хороскопските знаци во брак и зошто се разведуваат?

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-vo-brak-i-zoshto-se-razveduvaat-02.jpg

Вага

Ова е знакот што целиот живот ја бара својата идеална половина. Вагите отворено посакуваат брак. Конфликтите ги решаваат успешно и мирно, бидејќи дипломатијата им е силна страна.

Вагата е подготвена на секаков можен компромис, дури и кога тоа е на нејзина штета. Таа е подготвена да прости и неверство, бидејќи Вагата има мото дека е полесно да се помине животот во пар отколку сам.

Скорпија

Мотото на Скорпијата кога станува збор за бракот е: „Засекогаш мој/а!“ Кога ќе влезе во брачните води, Скорпијата го менува својот ДНК код. Од фатална заводничка, таа станува најдобра мајка, сопруга, љубовница и домаќинка.

Со неа е едноставно – измама и сè е готово! Тогаш настанува ураган и најдобро е партнерот да се пресели на друг континент, бидејќи црно му се пишува.

Стрелец

Како вечно дете кое одбива да порасне, Стрелецот го доживува бракот како авантура и игра. Не сака окови, не сака правила, но никогаш нема да направи нешто што би можело да го повреди или загрози неговиот брачен другар.

Ги сака бракот и заедницата, а се гуши единствено кога му се наметнуваат ограничувања, кога партнерот станува посесивен и кога Стрелецот нема доволно слобода.

Јарец

Дури и во бракот, Јарецот е традиционалист со јасни, строги и по малку крути правила на однесување. Се знае кои се обврските на сопружниците, кој кога станува наутро, кој што прави, начинот на кој се одвиваат работите, итн. Јарецот ќе даде сè за семејството. Тој е одличен родител.

Но, само ако се прекрши едно правило или недај Боже се случи и најмал флерт, а да не зборуваме за неверство, Јарецот веднаш ќе поднесе барање за развод.

Водолија

Водолијата можеби некако ќе се реши да стапи во брак, но тоа парче хартија не ѝ значи ништо. Често можете да ја видите Водолијата во неформален брак. Таа е генијален знак кој е најдобар во кршењето на табуата.

Посвојувањето деца е една од опциите коишто ќе ги одбере, покрај нејзините биолошки деца. Водолијата ги сака животот, бракот и науката. Она што на Водолијата ѝ пречи, дури и кога официјално не е во брак, е недостатокот на почит, стагнација во односот и недоразбирањето кое не се решава.

Риби

Овој знак живее за да сака некого. Кога ќе стапи во брак, тоа е за до крајот на животот. Рибите како брачни партнери се нежни и суптилни и знаат како да го израдуваат партнерот со секојдневни мали ситници.

Проблемот е што ја преземаат целата вина на себе кога нешто не е во ред во бракот. Секогаш мислат дека тие се единствените виновници. Со тој огромен товар на рамениците, Рибите почнуваат да се повлекуваат во себеси и потоа почнуваат да размислуваат за развод.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Една работа што треба да ја слушнете пред да стапите во брак, според месецот на раѓање Мај – не си дозволувајте животот да ви стане монотон штом ќе стапите во брак. Из...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...

Најчитани неделава