Годишен хороскоп за 2022: Стрелец

2022 може да биде година која ќе остави посебно обележје во животот на Стрелците – ќе се чувствувате моќно, паметно и како сите работи да ги имате под контрола.

godishen-horoskop-za-2022-strelec-01.jpg

Стрелците ќе научат да го контролираат стресот и нервозата и ќе уживаат максимално во сите задоволства кои се нудат во следните 12 месеци.

Долговите и позајмиците се очекува да бидат ставени во ред или целосно вратени до август, но може да наидете на пречки доколку повторно сакате да се задолжите.

Тоа ќе ве натера да се впуштите во некои нови проекти, не грижете се, ве чека подобра иднина.

Работа и финансии

Финансиската иднина дефинитивно е светла и има многу на што може да се радувате во 2022.

Нема друга опција освен успех за Стрелците во 2022. Дали ќе заработат пари? Да, многу – но, нема тоа воопшто да ве загрижува.

Голем дел од буџетот ќе сакате да го примените во хуманитарни цели, кампањи, истражувања, возбудливи патувања и слични доживувања, а не на неопходен луксуз.

Стрелците ќе покажат голема желба за напредок на почетокот на 2022 и силно ќе се борат за тоа што сметаат дека е нивно право и заслуга.

Во текот на оваа година нема да дозволите никој да го искористува вашиот труд и ќе почнете да се цените бидејќи знаете дека вредите.

Ако не сте добро платени – нема да ви биде срам да го кажете тоа, а ако не сте среќни со работата – без размислување ќе си заминете и ќе барате поголем предизвик.

Бунтовничкиот дух ќе ви биде од корист и ќе го пронајдете она што го сакате, иако можеби ова малку ќе ја разниша сигурноста која ја имате во поглед на работно место.

Есента е периодот кога сите коцки ќе се поклопат и овие месеци ќе бидат исклучително среќни за Стрелците на професионално поле.  

Љубов

2022 на Стрелците ќе им биде исполнета со убави, романтични моменти.

За разлика од претходно, во текот на оваа година ќе бидете многу попосветени на љубовниот живот.

Во центарот на вниманието ќе ви биде партнерот и сѐ што е поврзано со заеднички планови и остварувања.

Љубовната врска или бракот прекрасно ќе се одвива во текот на целата година и ќе бидете како на седмо небо.

Се очекува да почнете заеднички живот, а во домот страста ќе биде постојано присутна.

Оние кои уште не се во врска, а се во потрага по љубов или придружник, ќе си ја пронајдат среќата во секојдневието, кога воопшто нема да размислуваат на тоа. Можна е дури и афера со колега/колешка од работа.

Мал дел од припадниците на овој знак можеби нема да ја пронаоѓаат повеќе среќата и смислата на љубовната врска, па ќе се одлучат да си ги разделат патиштата.

Тајните обожаватели ќе ви го поткренат егото, а честопати ќе има такви.

Здравје

2022 е и годината кога Стрелците ќе бидат посветени на здравјето и на фитнесот.

Ќе ви годи времето поминато во спортска сала, теретана, базен или едноставно прошетки и планинарење со пријатели.

Сакате да бидете активни и да промените од корен некои навики кои досега ве спречувале да бидете фит и здрави.

Најслаба точка ќе ви биде нервниот систем како и циркулацијата, за што активностите исто така ќе бидат од помош.

Консултирајте се со лекари, правете редовни прегледи и земајте ја препишаната доза витамини кои ви се потребни.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg