Хороскопските знаци рангирани според нивната самодоверба – Девиците се плашат од грешка, Овните – „газат“ пред себе

koj-e-samouveren-a-koj-nesiguren-horoskopskite-znaci-rangirani-spored-nivnata-samodoverba-02.jpg

7. Бик

Претставниците на знакот Бик најмногу сакаат да докажат дека се интелигентни – обично ова им е многу поважно од добриот изглед.

Биковите навистина се трудат да изгледаат попаметно од другите неретко преправајќи се дека знаат многу за теми кои всушност се мистерија за нив.

Поради несигурноста, сакаат да го импресионираат соговорникот, па некогаш дури и ја искривуваат вистината.

Овие луѓе само сакаат да им покажат на сите дека се на патот кон успехот.

8. Вага

На Вагите им е потребно туѓото признание за да се чувствуваат добро за себе.

Неретко тие суптилно изнудуваат комплименти од другите така што се критикуваат себеси, па чекаат некој да им каже дека тоа не е така.

Вагите имаат проблеми со самодовербата и постојано им треба потсетник дека вредат како личност.

9. Близнаци

Претставниците на овој знак се вистински камелеони – можат да го променат нивниот карактер само за да му се допаднат на соговорникот.

Близнаците имаат потреба да им се допаѓаат на сите, па целосно се менуваат во зависност од друштвото во коешто се наоѓаат.

Ниската самодоверба ги тера да се плашат да го покажат нивното вистинско лице.

10. Рак

Раковите премногу се грижат за сите околу себе и можат да бидат навистина емотивни, дури и за најмалите работи, а ова потекнува од нивната ниска самодоверба. 

Ако некој им го повиши гласот, ако пријател им откаже во последниот момент или каква било слична ситуација, Раковите ја сфаќаат премногу лично бидејќи се убедени дека тие се виновни.

Дури и најмалите критики кажани со добра намера вистински ги повредуваат.

11. Водолија

Водолиите навистина го даваат најдоброто од себе за да ги убедат другите дека нивните живот е прекрасен.

Тие објавуваат совршени фотографии, споделуваат совршени приказни и генерално, „продаваат“ слика за себе која обично е лажна.

Поради ниската самодоверба, Водолиите речиси никогаш не се задоволни од себе и она што го имаат, па пробуваат и самите да се излажат дека нештата се одлични.

Ова барем малку им ја зголемува самодовербата.

12. Девица

Девиците се преплашени од помислата дека некогаш ќе кажат нешто погрешно што ќе направи да изгледаат глупаво.

Лесно се засрамуваат и одново и одново размислуваат и за најмалите ситници.

Дури и ако некоја ситуација поминала одлично, тие ќе ја анализираат секоја секунда обидувајќи се да воочат некоја своја грешка. А, секојпат успеваат да најдат грешка.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Силната страна со која не се фалите, но другите ѝ се восхитуваат, според месецот на раѓање Септември – луѓето постојано се прашуваат од каде ги наоѓате храброста и самодов...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...
4 хороскопски знаци кои (некогаш) делуваат како негативци Јарци, вие имате превисоки очекувања од другите. Па, кога нема да ги исполнат, б...

Најчитани неделава