Хороскопските знаци рангирани според нивната самодоверба – Девиците се плашат од грешка, Овните – „газат“ пред себе

Додека ништо не се мери со самодовербата на Лавот, Раковите се толку несигурни, што дури и најмалите нешта ги сфаќаат лично.

koj-e-samouveren-a-koj-nesiguren-horoskopskite-znaci-rangirani-spored-nivnata-samodoverba-01.jpg

Дали сте самоуверена личност која без двоумење презема ризици и не се грижи многу за мислењето на другите? Или, можеби ви е потребно туѓото признание за да се чувствувате добро за себе?

Како се рангирани хороскопските знаци според нивната самодоверба:

1. Лав

Лавовите се олицетворение на самодовербата. Тие сметаат дека никогаш не грешат и дека нивните мислења секогаш се исправни.

Ако некој им покаже и најмало непочитување, Лавовите без двоумење си заминуваат.

Тие знаат што заслужуваат и не се задоволуваат со ништо помалку, без разлика дали станува збор за пријатели, романтични врски, кариера, облека или што било друго.

2. Скорпија

На Скорпиите им е јасно дека не се совршени, но генерално се задоволни од себе.

Скорпиите го сакаат нивниот карактер и го сакаат животот што го изградиле за себе.

Тие се среќни кога ќе се погледнат во огледало и задоволни се од личноста којашто се.

Иако секогаш се свесни за нивните лоши навики и карактеристики, Скорпиите сметаат дека сепак не се толку лоши, па нема ни потреба да ги менуваат.

3. Јарец

Јарците немаат некое високо мислење за себе, но нивната самодоверба потекнува од фактот дека тие воопшто не се грижат што другите мислат за нив.

Овие луѓе знаат дека се интелигентни, знаат дека имаат разни таленти и знаат дека се добри личности. А, не им е грижа дали другите го гледаат тоа.

Тие се самотници, па дури и ако никој не ги забележува нивните квалитети, не се оптоваруваат со тоа.

4. Стрелец

Родените во овој знак имаат самодоверба која им овозможува да ги прифатат критиките и да ги искористат за да се подобрат, наместо да ги гледаат како навреда.

Ако, пак, некогаш се навредени, сметаат дека навредата кажува повеќе за соговорникот отколку за нив.

Стрелците никогаш не дозволуваат туѓите критики да им го расипат расположението. Единствено можат да им обрнат внимание на луѓето кои ги критикуваат кога кажуваат шеги на нивна сметка.

5. Риби

Рибите одлично се снаоѓаат во туѓото друштво. Без проблем ќе одржат говор пред многу лица и лесно се спријателуваат.

Сепак, кога се сами, имаат моменти на несигурност. Ова најчесто се случува кога стојат пред огледало и ги бараат и најмалите недостатоци во нивниот изглед.

Навечер, пак, тешко им е да ги контролираат лошите мисли и можат самите да си ја уништат самодовербата.

6. Овен

Иако однадвор изгледаат како личности кои ништо не може да ги допре, Овните се всушност многу чувствителни.

Овните не дозволуваат некој да ја види нивната несигурност и обично ја прикриваат со шеги и сарказам.

Тие не сакаат да делуваат како „слабаци“, па се однесуваат како да не им е грижа за ништо и никој. Ова, се разбира, е лага.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg