Како се однесува секој хороскопски знак кога пука под притисок и се соочува со стрес?

kako-se-spravuvate-so-loshite-denovi-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Вагите се друштвени луѓе кои уживаат во дружбата со другите. Но, кога имаат лош се претвораат во потполно различни личности и целосно се изолираат.

Тие не сакаат да зборуваат со никого, но ова е лош пристап за нив бидејќи изолацијата само им ги истакнува негативните емоции.

Скорпија

Скорпиите се експерти за нерационално размислување, а токму вака можат самите да си го расипат денот.

Наместо да пробаат да се расположат, тие си создаваат проблеми и ги разгледуваат од секоја можна перспектива, а ова дополнително им го влошува расположението.

Стрелец

Стрелците се авантуристи кои сакаат да истражуваат. Но, кога имаат лош ден, обично се помируваат со ситуацијата бидејќи се чувствуваат беспомошно.

Свесни се дека можат да направат нешто за да си го подобрат расположението, но обично немаат енергија за тоа.

Јарец

Јарците се гневни кога имаат лош ден без никаква причина, па пробуваат да си ги оттргнат мислите од тоа.

Во овие денови сакаат да им помагаат на другите за да се чувствуваат корисно, но неретко само им пречат бидејќи не прифаќаат „Не“ за одговор.

Водолија

Водолиите тешко се справуваат со лошите денови. Тие имаат бујна имагинација која им „помага“ да го видат само најлошото во секоја ситуација, па денот им станува уште полош.

На крај стануваат и гневни бидејќи никако не можат да си го подобрат расположението.

Риби

Рибите можеби најдобро се справуваат со нивните лоши денови – ги користат за инспирација.

Тие се луѓе кои сакаат да ја покажат својата креативност, а неретко негативните емоции кои доаѓаат со лошите денови можат вистински да ги инспирираат да творат.

Нив им е јасно дека не можат да ги контролираат негативните емоции, па не ни пробуваат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Една ваша особина за која самите не сте свесни, а другите ви се восхитуваат, според хороскопскиот зн... Девици, точно е дека понекогаш можете да бидете строги. Но, во очите на другите ...
Какви се хороскопските знаци кога ќе станат на „лева нога“ (а какви кога денот им е убав)? Бик – Ќе ве изненадат со своите бурни реакции и способност за преувеличување, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg