Како се однесува секој хороскопски знак кога е вљубен?

Рибите и Водолиите ќе бараат изговор да го поминат секој миг со вас, додека Раковите ќе почнат да се однесуваат чудно и срамежливо.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-koga-se-vljubeni-koga-im-e-strav-da-vi-priznaat-01.jpg

Првото „Те сакам“ е важен миг во секоја врска, но на повеќето луѓе им треба време за да соберат храброст за да ја изјават својата љубов.

Сепак, некои ситни примени во однесувањето можат да го издадат вашиот партнер дека е вљубен во вас уште пред да ви каже самиот.

Како да познаете дали партнерот е вљубен во вас, според хороскопскиот знак?

Овен

Ако Овенот е вљубен во вас, постојано ќе ве опсипува со комплименти. Тој смета дека вие сте памети и забавни, но и дека сте вистинска инспирација за него.

Па, ќе се потруди постојано да ви ги повторува овие работи и да ви покаже дека е восхитен од вас.

Бик

Бикот ќе ја користи секоја можност да ве спомне или да се пофали дека сте заедно, и тоа уште пред да ви признае дека е вљубен во вас. Постојано ќе биде заштитнички настроен кон вас, а одново и одново ќе ви покажува колку му значите.

Близнаци

Кога Близнаците ќе се вљубат, најважно им е да се грижат за саканата личност. Речиси веднаш ќе познаете ако некој Близнак е вљубен во вас бидејќи ќе почне да готви за вас, да ви се јавува само за да ве праша дали сте добри, ќе ви приредува слатки изненадувања…

Рак

Штом ќе се вљубат, Раковите почнуваат да се однесуваат малку чудно. Па, ако забележите необични промени во однесувањето кај партнерот Рак или ви изгледа посрамежлив и позатворен од вообичаено, тоа може да биде знак дека е вљубен во вас.

Лав

Ако Лавот се вљуби во личност со која не е во врска, тој сепак ќе се однесува како да е со неа. Ако, пак, сте во врска, на Лавовите не им е тешко да ви кажат дека се вљубени во вас, па нема потреба да барате знаци.

Девица

На почетокот, Девицата ќе проба да ги скрие чувствата од вас и ќе се преправа како да не се случува ништо. Па, можеби нема да забележите дека е вљубена во вас. Но, штом сфати дека врската има потенцијал и дека може да ви верува, речиси веднаш ќе ви ја изјави љубовта.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава