Љубовен хороскоп за јули 2022: Бикови – партнерот ќе ја открие вашата тајна, Лавови – ве очекува месец полн со забава

Додека на слободните Близнаци ќе им биде тешко да се одлучат помеѓу многуте личности што им се допаѓаат, Вагите ќе настојуваат да се изолираат, па не ги очекуваат големи промени на поле љубов.

ljuboven-horoskop-za-juli-2022-bikovi-partnerot-kje-ja-otkrie-vashata-tajna-lavovi-ve-ochekuva-mesec-poln-so-zabava-01.jpg

Јули ќе им донесе многу среќа на повеќето хороскопски знаци кога станува збор за љубовта. Оние кои се во врска ќе ја подобрат комуникацијата со партнерот, а оние кои се сингл ќе имаат можност за многу забава.

Но сепак, некои можно е да го разнишаат односот со партнерот, а оние кои се слободни да не бидат воодушевени од новите познанства.

Овен

Ако сте во врска

Во првата половина од месецот ве очекува стабилизирање на односот со партнерот. Заедничкото време ќе го користите за излегување на омилените места и дружење со пријателите. Во втората половина од јули ќе сакате да се фокусирате на заедничкиот дом, но можни се несогласувања околу вашите идеи.

Ако сте слободни

Уште во првата декада од месецот ќе запознаете забавна личност преку заеднички пријател. Ќе имате слични интереси и набрзо помеѓу вас ќе се родат чувства. Но, до крајот на месецот ќе сфатите дека оваа личност не била најискрена со вас, па брзо ќе си го промените мислењето за неа.

Бик

Ако сте во врска

Во првата декада од месецот можни се конфликти поради тајна што сте ја криеле од партнерот. Целата ситуација може значително да го влоши вашиот однос. Сепак, во втората половина од месецот партнерот повторно ќе ви верува и ќе успеете да најдете решение. До крајот на месецот нештата ќе бидат генерално добри, освен мали несогласувања околу домашните обврски.

Ако сте слободни

Почетокот на јули ќе ви донесе познанство со личност која многу ќе ви се допадне, но која не е слободна. Можно е да почнете да се гледате во тајност, но вашата љубомора брзо ќе ја влоши ситуацијата. Најверојатно ќе сакате да ѝ ставите крај на тајната врска, но нема да донесете конечна одлука до следниот месец.

Близнаци

Ако сте во врска

Во првата декада од јули подгответе се за несогласувања со партнерот, најмногу поради недоразбирања во врска со неговите потреби. Вие ќе бидете преплавени со работни обврски, поради што партнерот ќе се чувствува запоставено. До крајот на месецот ќе успеете да го надминете тешкиот период, но само ако се потрудите да најдете повеќе време за партнерот.

Ако сте слободни

Во првата половина од месецот вистински ќе се забавувате и ќе сретнете неколку личности што ќе ви се допаднат. Ќе ви биде тешко да направите избор, но наскоро ќе сфатите дека со еден од новите познаници имате многу заеднички нешта. До крајот на месецот ќе се запознаете многу подобро и најверојатно ќе почнете врска.

Рак

Ако сте во врска

Овој месец ќе се посветите на заедничките планови со партнерот, но и вистински ќе се потрудите да најдете решение за сите мали проблеми во врската. Кон крајот на месецот можно е да отидете на патување кое дополнително ќе го подобри вашиот однос и ќе ви даде можност да се посветите еден на друг. Генерално, ве очекува навистина добар месец на љубовен план.

Ако сте слободни

Во првата декада од јули ќе ве освои личност која ќе ви покаже разбирање за многу нешта. Привлечноста ќе биде обострана, па голем дел од времето ќе минувате заедно. До крајот на месецот ќе почнете врска која има потенцијал да трае, најмногу бидејќи и двајцата без проблем ќе се согласувате на компромис.

Лав

Ако сте во врска

Овој месец ќе ви донесе многу пријатни мигови со партнерот. Подгответе се за многу излегувања, забави, а најверојатно и патување кое ќе ви даде можност вистински да се посветите еден на друг. Но, на крајот од месецот можни се мали несогласувања околу заедничките планови. Бидете подготвени на компромис и ќе ги избегнете сериозните конфликти.

Ако сте слободни

Во јули ве очекуваат многу забави и познанства со мошне интересни личности. Сепак, ќе бидете пребирливи во врска со новите познаници бидејќи никој нема да ви остави многу силен впечаток. Но, една личност можеби ќе успее да ве освои благодарение на вашите заеднички ставови. До крајот на месецот можно е да почнете и врска.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg