Вашиот месец на раѓање открива каков партнер ви е потребен во животот (и во креветот)

Месецот на раѓање може да открие многу работи за вашата личност. Според астрологијата, тој е совршен патоказ за тоа каков партнер ви е потребен во животот.

Vashiot-mesec-na-ragjanje-otkriva-kakov-partner-vi-e-potreben-vo-zivotot-01.jpg

Откријте го според периодот на раѓање во годината. Дали можеби описот се совпаѓа со вашиот избраник?

ЈАНУАРИ

Во одреден момент во вашиот живот ќе се појави маж, а ќе го препознаете по силните амбиции и љубовта кон работата. Токму затоа што и вие самите сте такви. Знаете кои се вашите соништа и сигурно сте на пат за да ги остварите.

Затоа ви треба некој кој може да трча покрај вас и да ве поддржи. Само таков маж нема да биде исплашен од вашата силна природа и желба за успех.

ФЕВРУАРИ

Со оглед на тоа што сте непредвидливи и полни со живот, потребен ви е трпелив, но истовремено и љубопитен маж. Некој кој ќе ве сака дури и кога сте расположени да тргнете на патување во непознатото и кога сте тивки, замислени и ранливи.

МАРТ

Ви треба некој кој ќе се однесува со вас онака како што заслужувате. Бидејќи сте личност која сочувствува со другите, вие сте искрени и паметни – и вашиот совршен маж мора да биде таков.

Бидете трпеливи, ќе запознаете некој кој ќе ве стави на прво место, кој ќе ги обожава сите ваши квалитети и нема да помисли да ве искористи.

АПРИЛ

Почекајте да се појави некој кој ќе се заљуби во вашата уникатност. Многумина побегнале од неа, а многумина се исплашиле од фактот дека не сакате да ги криете емоциите. Но оној кој е вистинскиот за вас ќе биде и доволно самоуверен за да остане покрај вас.

МАЈ

Потребен ви е некој кој може да го следи вашето темпо. Како личност со исклучителен фокус, динамика и страст, не ви треба некој што упорно доцни зад вас.

Сосема е во ред секој од вас да води свој живот, но во исто време да бидете тука еден за друг и да се охрабрувате да бидете подобри и поуспешни.

ЈУНИ

Ви треба некој кој нема да има проблем да се отвори емотивно и кој нема да се плаши од својата ранливост. Секако, тоа не значи постојано да се биде нечие рамо за плачење или да се поправи сето она што другите го расипале во нивниот живот. Потребен ви е некој кој ќе ве сака исто како и вие него.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Негативни карактеристики поради кои другите бегаат од вас, според хороскопскиот знак Ароганцијата на Лавовите, постојаното плачење на Раковите и егоизмот на Скорпиит...
Како секој хороскопски знак покажува љубов без да каже „те сакам? Како секој знак од Зодијакот изјавува љубов без да ги каже зборовите „Те сакам“?...
Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак? Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg