Како се однесуваат хороскопските знаци кога сакаат само авантура (а како кога сакаат сериозна врска)?

Рибите кои вообичаено ја користат секоја можност да флертуваат, кога ќе ја запознаат вистинската личност веднаш забораваат како беше да се додворуваш на сите околу себе. Близнаците пак, од личности што постојано бегаат од одговорности и одлуки, кога ќе донесат одлука дека сакаат да бидат со некого никој не може да ги премисли.

kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-koga-sakaat-samo-avantura-a-kako-koga-sakaat-seriozna-vrska-01.jpg

Постојат знаци што укажуваат на тоа дека некoја личност со вас сака само авантура, а не сериозна врска. Која своја негативна особина секој хороскопски знак веднаш ја менува штом ќе ја запознае вистинската личност и како се однесува кога сака некого да го задржи?

Како се однесуваат хороскопските знаци кога сакаат само минливи авантури или врски без обврски, а што прават за да ја задржат личноста за која веруваат дека е вистинската за нив?

Овен

Мошне сте своеглави и независни и сакате работите да ги правите онака како што сте си замислиле.

Во минливите врски и авантури секогаш сте подготвени за конфликти и не ги прифаќате критиките на партнерот.

Кога сте свесни дека сакате некоја врска да ви успее тогаш ги вложувате сите напори за да задржите здрав однос со партнерот, заради што станувате поподготвени за компромис.

Бик

Влегувате во нови врски, а тешко го заборавате минатото, па така кога ќе се најдете во ситуација што ве потсетува на некои минати немили настани, честопати знаете да реагирате ирационално и да избувнете.

Бурните реакции за најмалите грешки на партнерот и постојаниот страв дека ќе ви се повторат настаните од минатото се сигурен знак дека сè уште не сте подготвени за сериозна врска.

Кога ќе бидете сигурни дека сте го нашле вистинскиот партнер, тогаш цврсто се посветувате само на иднината и подготвени сте да направите сè за да се ослободите од минатото.

Близнаци

Познато е дека не сакате обврски, па заради тоа честопати сте неодлучни, а носењето конечна одлука го одложувате со последниот момент.

Постојаното одбивање да преземете било каква одговорност или да донесете некаква одлука поврзана со заедничкиот живот е прв знак дека немате сериозни намери со личноста со која сте во врска.

Кога сакате сериозно да се посветите на некоја личност тогаш покажувате сериозна зрелост и станувате многу поодговорни и вклучени во сите одлуки.

Рак

Во љубовните врски вие секогаш го имате главниот збор. Понекогаш, очекувате премногу од партнерот.

Кога сте во минлива врска или авантура, постојано анализирате во колкава мера партнерот ги исполнува вашите фантазии што не се реално остварливи и му замерувате ако не исполнува некој ваш нереален критериум.

Кога започнувате сериозна врска, тогаш вообичаено знаете повеќе да ја цените и да ја почитувате личноста што е со вас и благодарни сте што ја имате.

Лав

Секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието, а длабоко во себеси сте мошне несигурни. Не верувате дека луѓето може да ги разберат вашите вистински чувства.

Обично секогаш сметате дека луѓето никогаш нема да ве прифатат такви какви што сте и кога сте во несериозна врска секогаш сметате дека партнерот не може целосно да ве разбере, па затоа и не сакате премногу да се посветите на зачувување на врската.

Дури откако ќе стапите во сериозна врска, почнувате да верувате дека партнерот е со вас и ве цени такви какви што навистина сте. Тогаш давате сè од себеси за врската да успее.

Девица

Постојано сте подготвени за критика и познати сте по тоа што често се жалите и не сте задоволни ниту од партнерот, ниту од врските.

Кога сте во несериозна врска секогаш сте фокусирани само на негативните карактеристики на личноста што е со вас и секогаш наоѓате нешто ново за да го критикувате.

Ако ја сретнете личноста што навистина ви се допаѓа, тогаш се обидувате да ѝ покажете повеќе почит и благодарност, затоа што тој/таа ве цени (и ве трпи) такви какви што сте.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg