Последната бројка во годината на раѓање открива кога и дали воопшто ќе имате пари во животот

Односот меѓу човекот и парите се развива во зависност од неговиот елемент според фенг шуи, објаснува Наталија Правдина, руски експерт за фенг шуи. Како што истакнува таа, никој не се раѓа со способност да има помалку или повеќе. Само треба да воспоставите хармонија со елементот на кој му припаѓате.

Dali-i-koga-ke-imate-pari-vo-zivotot-01.jpg

Можете да го одредите вашиот елемент врз основа на последната бројка од годината на раѓање:

0, 1 – метал

2, 3 – вода

4, 5 – дрво

6, 7 – оган

8, 9 – земја

Откако ќе одредите кој елемент сте, дознајте како можете да стигнете до пари и изобилство:

Елемент земја – зачувајте ја омилената работа и оптимизмот

Земјиниот елемент во фенг шуи подразбира стабилност и самодоверба. Сепак, овие луѓе можат да ја ограничат среќата со своите песимистички изјави и негативниот став.

Претставниците на овој елемент честопати го блокираат протокот на пари со негативни мисли дека нема да успеат, дека не се достојни за тоа и други бескорисни мисли.

Друг важен аспект е дека најголемиот дел од парите кај луѓето во елементот на земја доаѓаат од работата што ја сакаат и навистина уживаат во неа.

Кога нешто прават со задоволство, тоа им се враќа преку енергијата на изобилството. За нив, совршена деловна идеја е да го претворат хобито во бизнис.

Елемент дрво – не губете време

Ова укажува на точност, ред и сигурност. Сепак, ситничарењето понекогаш го спречува понатамошниот развој.

Важно е да имате повнимателен однос кон парите. Внимавајте како се наредени парите во паричникот, дали има хаос во него.

Не расфрлајте пари низ куќата, тие секогаш треба да бидат на своето место. Кога ќе завладее ред во вашиот паричник и буџетскиот план, финансиите ќе ви одат многу полесно.

Елемент метал – вие заслужувате повеќе

Металот симболизира сила, решителност и издржливост. На луѓето со овој елемент им е важно да ги врзат парите за одредени цели, бидејќи само така може да ги умножат.

Почесто си поставувате цели и правите добар план за да ги постигнете.

Важно е да ги планирате вашите трошоци и приходи. Исто така, не престанувајте да сонувате и не плашете се од вашите желби – посакувајте повеќе и подигнете ја свеста на скалило погоре.

Стабилноста не е за вас, постојаниот раст и развој се наменети за вас.

Елемент вода – живејте полесно

Елементот на водата претставува вешто приспособување на промените и остварување на соништата. Многу често вашите мисли се материјализираат во реалноста.

Немојте да ги сметате парите за нешто валкано, а богатите луѓе за недостојни. Научете се да размислувате за парите со почит. Сонувајте големи соништа.

Дозволете си повеќе отколку што можете да поднесете. Не плашете се да живеете над вашите можности барем понекогаш. Не жалете што потрошивте пари на себе. Разгалете се!

Елемент оган – трошење, трошење, трошење

Огнот е елемент на активност и моќ. Дозволете си да потрошите пари. Заштедите и постојаното штедење за некои денови само го забавуваат движењето на готовинскиот тек.

Тоа не значи дека треба да се расфрлате, туку дека треба да живеете и да дозволите нормалниот проток на пари да циркулира.

Парите во рацете на претставниците на овој елемент треба секогаш да бидат во движење. Кај вас постои тесна врска помеѓу материјалната, финансиската страна и приватниот живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...

Најчитани неделава