Кој хороскопски знак најдолго останува во врска?

koj-horoskopski-znak-najdolgo-ostanuva-vo-vrska-02.jpg

Вага

Вагите се многу верни. Најчесто имаат долги врски затоа што во врските пред сè се пријатели. Сепак, лесно се ладат и се „запалуваат“, а несигурноста и неверството можат да ја уништат нивната врска. Врската со Вага ќе трае сè додека ја држите заинтересирана Вагата во кревет и сè додека и обрнувате доволно внимание.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на Скорпија се меѓу најверните знакови. Тие се едни од најпривлечните и најхаризматичните, па нивниот партнер мора да се бори со секакви конкуренти. Тоа создава многу несигурност, поради што врските по година-две се распаѓаат. Освен тоа, не му замерувајте на овој знак, без пардон ќе ве прободе во грб.

Стрелец

Ова е неодлучен знак кој што има проблеми со преданоста на една личност. Кога се долго на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со Стрелецот да трае со години, морате да му дадете доволно слобода. Можеби ќе морате да поминете и преку повремено неверство.

Јарец

Јарецот е многу традиционален знак кој очекува традиционална венчавка проследена со долготрајна фаза на додворување и не премногу секс пред брак. Овој знак исто така очекува потполна верност и кога тоа еднаш ќе го достигне или добие, останува со партнерот долго време. И сексот и децата преставуваат начин на кој ќе го задржите Јарецот. Неверството за Јарците најчесто значи и раскинување.

Водолија

Ова е многу немирен знак кому му е проблем да остане со некого подолго од два дена. Животот го збогатуваат со разноликост. Не се премногу сексуални. Може да им се случи една личност максимално да ги фасцинира и импресионира, а потоа веднаш да изгубат интерес. Најдобра шанса да поминете подолго време со една Водолија е да го стимулирате нејзиниот интелект така што никогаш да не и биде досадно. Пожелно би било да сакате да патувате.

Риби

Рибите се еден од најверните и најпосветените знакови. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. Иако се работи за морален знак, неверството не им е непознато, но тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот. Рибите се тие што ќе се венчаат со средношколска љубов и ќе останат со неа до крајот на животот.



Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg