Како секој хороскопски знак да си го подобри менталното здравје до крајот на годината?

kako-da-si-go-podobrite-mentalnoto-zdravje-do-krajot-na-godinata-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Почнете да се грижите за себе и правете ситници кои ви го подобруваат расположението.

Ако се чувствувате депресивно или анксиозно, одете во спа-центар, направите си убава вечера, одете во музеј или правете што било што ви причинува задоволство.

Вие се чувствувате најдобро кога водите грижа за себе, кога одвојувате време за вакви ситници.

Па, ако ви е „преку глава“ од сè, грижете се за себе, релаксирајте се и разгалете се бидејќи заслужувате.

Скорпија

Најдете начин да ги искажете вашите емоции, но не на деструктивен начин.

Имате многу чувства, но настојувате да ги чувате во себе. Без разлика колку лошо се чувствувате, ќе молчите за тоа сè додека не „експлодирате“.

Наместо ова деструктивно однесување, пробајте да ги искажувате емоциите на поздрав начин.

Немојте да ги криете во себе, туку разговарајте за нив. Ако не ви се разговара, најдете активност која ќе ви помогне да се ослободите од гневот или тагата, како трчање, сликање или што било што ви се допаѓа.

Насочете ги негативните емоции кон нешто и ќе забележите дека вашето ментално здравје ќе почне да се подобрува.

Стрелец

Пробајте да бидете посмирени. Ова звучи едноставно, но за вас може да биде вистински предизвик.

Вие сакате авантури, сакате постојано да сте во движење и сакате кога околу вас има врева.

Но некогаш, кога минувате низ тежок период, наместо да се соочите со проблемот и лошите емоции, вие продолжувате да се движите. Пробувате да избегате.

Со ова само го одолговлекувате проблемот.

Ќе мора да се соочите со проблемите ако сакате да си го подобрите менталното здравје. Мора извесен период да стоите во место и да ги решите пред да продолжите понатаму.

Јарец

Што побрзо најдете време за одмор. И тоа не само 5-10 минути.

Потребен ви е одмор најмалку еден ден, а ако сте во можност, дури и подолго.

Заборавете на работата, исклучете го телефонот и поминете малку време само со себе. Обврските можат да почекаат.

Сега е многу поважно да се фокусирате на вашата среќа, на вашите хобија и интереси настрана од работното место.

Само вака ќе си го подобрите менталното здравје и ќе се вратите во форма.

Водолија

Опкружете се со луѓе пред кои можете да го покажете вашето вистинско лице.

Некогаш се чувствувате како да губите допир со светот, само затоа што не можете да бидете свои.

Уште полошо е што минувате многу време со луѓе пред кои морате да глумите, а ова има лошо влијание врз вашето ментално здравје.

Поради ова, важно е да почнете да се дружите и со луѓе кои ве прифаќаат токму такви какви што сте.

Ако познавате вакви луѓе, минувајте повеќе време со нив. Ако не – проширете го кругот на пријатели и ќе се чувствувате многу, многу подобро.

Риби

Пробајте да избегнувате луѓе и ситуации кои ви ја крадат енергијата.

Вие настојувате да ги впивате туѓите емоции, и добри и лоши, а ова секако дека ќе има влијание врз вашето ментално здравје.

Одлично е што другите можат да ви се доверат, но вие не треба страдате поради ова.

Фокусирајте се повеќе на вашите емоции и потреби, и веднаш ќе забележите подобрување.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg