Ранг листа на хороскопските знаци според либидото (Скорпиите се бр.1 - постојано мислат на секс)

Јарец - Познати се по тоа што секогаш се сериозни и ако се посветат на нешто тогаш вложуваат сѐ од себеси. Токму заради ова сексот со Јарец никогаш не е здодевен.

rang-lista-na-horoskopskite-znaci-spored-libidoto-skorpiite-se-br-1-postojano-mislat-na-seks-01.jpg

Според астролозите секој од хороскопските знаци има различно либидо и карактерните особини на хороскопскиот знак влијаат и врз тоа како се однесува во врските.

Хороскопските знаци рангирани според либидото, oд „најсексуални“ до најмалку:

1. Скорпија

Веќе добро е познато дека Скорпиите важат за хороскопски знак што постојано мисли на секс и кои важат за „секс богови“ меѓу хороскопските знаци.

Но, она што би можело да ве изненади е дека тие се мошне пребирливи кога станува збор за партнерите и имаат мошне високи стандарди кога избираат партнер.

Така што, морате да ги задоволувате нивните критериуми за сексуален и емотивен интензитет за да бидете вредни за нивното време.

2. Овен

Владетел на Овните е Марс, планетата на акцијата и на сексот, па воопшто не зачудува фактот што претставниците на овој знак често размислуваат за секс.

Сексот со нив вообичаено е природен, опуштен, но истовремено тоа е и незаборавно, страсно искуство, заради што најчесто нивните партнери потоа ги прогонуваат.

3. Бик

Подеднакво им е важна и страста, но и размената на нежности. Нивен владетел е Венера, планетата на љубовта, па затоа често сонуваат да искусат вистинска љубов и романса и заради што се нежни љубовници.

Биковите сакаат да уживаат во водење љубов, а сексот на брзина за нив нема значење.

Интересно е тоа што одат во екстремни разлики: една вечер сакаат цела ноќ да водат љубов, а следната сакаат да ја поминат во гушкање и во размена на нежности.

4. Риби

На изглед Рибите не делуваат како некој што е премногу воден од либидото, но тие се мошне чувствителни луѓе.

Познати се по тоа што често живеат во сопствените соништа, а сакаат романтични, сексуални искуства што ќе им помогнат да побегнат од реалноста.

Интересно е тоа што им е потребно да се чувствуваат целосно безбедни со партнерот за да можат да се препуштат на искуството и да уживаат.

Рибите кои однадвор изгледаат како мошне повлечени и невино сигурно ќе ве изненадат во интимните мигови.

5. Лав

Сексот со Лав е вистинско шоу, затоа што тоа се луѓе што сакаат да се покажат и да се докажат.

Тие бараат партнер што ќе знае како да ги шармира, да ги заведе и тоа го храни нивното либидо, а знаат како да го поткренат егото на партнерот и да направат да се чувствува прекрасно.

6. Рак

Раковите често размислуваат за секс, но проблем им е тоа што тешко стекнуваат доверба во луѓето.

Дури откако ќе ја имате таа чест да ја стекнете целосната доверба од Ракот ќе сфатите дека тие имаат мошне високо сексуално либидо.

Колку повеќе чувствуваат дека се емотивно поврзани со партнерот, толку е повисоко нивното либидо.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg