5 хороскопски знаци кои не можат и не знаат да лажат (и зошто)

Рибите можат да кажуваат мали лаги ако се сигурни дека со тоа заштитуваат некоја сакана личност. Но, кога треба да излажат за нешто големо, чувството на вина ги надвладува и ги тера да признаат речиси веднаш. Кои други знаци не знаат лажат?

5-horoskopski-znaci-koi-ne-mozhat-i-ne-znaat-da-lazhat-i-zoshto-01.jpg

Некои хороскопски знаци се експерти за лажење. Зборуваат самоуверено и можат да ве натераат да поверувате и во најлудите лаги.

Но, постојат и оние на кои лажењето, едноставно, не им е во крвта.

Без разлика дали поради чувството на вина или нивните реакции кои ги издаваат, кажувањето лаги е невозможна мисија за нив.

Пет хороскопски знаци кои спаѓаат во втората категорија:

Овен

Вам ви е тешко да лажете бидејќи што и да помислите, веднаш го кажувате.

Дури и кога пробувате да кажете некоја мала, „бела“ лага, не успевате во тоа.

Сепак, според вас, ова не е некој голем проблем.

Вие сте личност која нема „влакна на јазикот“ и без проблем го споделувате вашето мислење, дури и кога е лошо.

Не гледате поента во лажењето и сметате дека секогаш треба да бидете транспарентни за вашите чувства и мисли.

Бик

Вие сте личност која постојано размислува, до тој степен што станувате анксиозни.

Кога пробувате да кажете лага, постојано си мислите дека соговорникот е свесен дека го лажете, па почнувате да паничите.

Си поставувате прашања како: „Дали многу го гледам во очи?“, „Дали зборувам многу долго?“, „Дали обрнав внимание на сите детали?“, „Дали зборувам многу брзо?“…

На крај, сфаќате дека ви е потешко да излажете отколку да ја кажете вистината и да се соочите со последиците.

Ако сепак успеете да излажете, со денови ќе размислувате за тоа, одново и одново ќе си повторувате што сте кажале и ќе барате пропусти во вашата лага.

5-horoskopski-znaci-koi-ne-mozhat-i-ne-znaat-da-lazhat-i-zoshto-02.jpg

Рак

Бидејќи сте емотивна личност, на другите им е релативно лесно да познаат кога ги лажете.

Во овој случај, најмногу ве издава вашиот поглед – не можете да го погледнете соговорникот во очи и станува преочигледно дека криете нешто.

Бидејќи сте и навистина добра личност, ретко кога се осудувате да кажете лага.

Никогаш не лажете за да добиете нешто и го правите тоа кога сте потполно сигурни дека само така можете да заштитите некоја блиска личност.

Јарец

Иако мислите дека сте експерт за кажување лаги, вие сте можеби најлошиот лажго во зодијакот.

Вие можете да ја смислите лагата и да обрнете внимание на ситници на кои другите нема ни да помислат, но проблемот настанува кога треба да ја кажете.

Стресот и чувството на вина што доминираат кога кажувате лага не ви дозволуваат да зборувате самоуверено, па станува очигледно дека лажете.

Истовремено, некогаш ви е тешко да се снајдете во непредвидлива ситуација, па доволно е соговорникот да ви постави едно неочекувано прашање за самите да се издадете дека го лажете.

Риби

Вие можете да кажете некоја мала лага, но само ако сте свесни дека со тоа ќе заштитите некоја сакана личност или ќе ѝ помогнете да се чувствува подобро.

Кога станува збор за големи лаги, ги избегнувате по секоја цена бидејќи не можете да го поднесете чувството на вина.

Ако излажете некого, особено блиска личност, вие се чувствувате толку лошо, што признавате во речиси истиот миг.

Доколку не признаете веднаш, постојано ќе мислите на лагата, па дури и ќе се мразите себеси поради вашата неискреност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава