Како се однесува секој хороскопски знак кога потајно ве мрази?

kako-se-odnesuva-sekoj-horoskopski-znak-koga-potajno-ve-mrazi-02.jpg

Вага

Како луѓе кои не можат долго да издржат сами, Вагите се дружат со секого. Но, не и луѓето кои ги мразат.

Ако се договорите да излезете со Вага и ви откаже во последен момент без навидум никаква причина, тогаш сигурно ве мрази.

Скорпија

Оние кои имаат пријател со хороскопски знак Скорпија знаат дека овие луѓе се брутално искрени.

Тие без проблем ќе ѝ кажат на најдобрата пријателка дека се здебелила, дека не ѝ стои новата фризура или дека е смешна во новиот фустан.

Но, ако станува збор за личност што ја мразат, Скорпиите ќе делат само (саркастични) комплименти.

Стрелец

Стрелците се авантуристи кои не можат да останат долго време на исто место. Но, и кога патуваат низ светот, тие секогаш се во контактот со нивните сакани.

Ако некој Стрелец потајно ве мрази, секогаш ќе наоѓа изговор да не ви се јави ли да не ви врати на пораките.

Јарец

За Јарците не е важно да имаат многу пријатели – многу поважно им е да имаат добри пријатели на кои можат да им веруваат, па макар тоа да е само една личност.

Поради ова, Јарците никогаш не мразат потајно. Односно, ако ве мразат, нема да ве залажуваат и директно ќе ви го кажат тоа.

Водолија

На Водолиите им треба време да се поврзат со некого, некогаш дури и неколку месеци.

Тие бавно ги градат пријателствата и треба да се видат со некоја личност повеќепати пред да ја чувствуваат како пријател, но потоа брзо стануваат отворени.

Па, ако по бројни средби ви се чини дека не знаете практично ништо за животот на Водолијата, бидете сигурни дека ве мрази.

Риби

Рибите се пријателот кој нема да ве остави во најтешките мигови – може да ве слуша како се жалите и како плачете со денови и ќе го прави тоа со задоволство.

Кога мразат некого, Рибите се потполно рамнодушни кон неговите проблеми. Можеби ќе дадат некој краток совет за да не се чувствуваат лошо, но генерално ќе бидат ладнокрвни.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава