Што ве прави ужасен партнер, според хороскопскиот знак?

shto-ve-pravi-uzhasen-partner-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

За вас, пријателите се најважните луѓе во животот. Иако ова е добро, вие преминувате некои граници.

Толку многу време посветувате на пријателите, што неретко партнерот се чувствува игнорирано и запоставено.

За пријателите секогаш имате безусловни љубов и поддршка, а вашиот партнер ретко кога го добива тоа.

Скорпија

Вие избегнувате да ја официјализирате врската до последен момент.

Некогаш минуваат и по неколку месеци пред да ја дефинирате врската, а ова го тера партнерот да се прашува дали воопшто сакате да бидете со него и дали размислувате за некаква заедничка иднина.

Умешно го избегнувате разговорот за оваа тема, а притоа избегнувате и да го претставувате новиот партнер како дечко или девојка.

Стрелец

Вие толку многу ја сакате вашата слобода, што се однесувате како да сте сингл, дури и кога сте излезени со партнерот.

Покрај тоа, доста често правите планови за соло патувања и излегувања, а ова го тера партнерот да мисли дека не сакате да минувате време со него.

Исто така, скоро никогаш не го вклучувате партнерот во важните животни одлуки, кои некогаш имаат влијание и врз него.

Јарец

Вие имате направено план за сè – од првиот состанок, до свадбата.

Иако е во ред да мечтаете за иднината со партнерот, проблемот е што вие не сакате да скршнете од овој план.

Притоа, не ги земате предвид чувствата и мислењата на партнерот, па ова води до огромни караници.

Водолија

Вашиот најголем проблем е тоа што не знаете што сакате.

Еден ден сте вљубени во партнерот, а следниот сакате да бидете само пријатели.

Вам ви е страв од сериозни врски и не сте сигурни дека ќе можете да најдете партнер кој вистински ќе ве разбере.

А, токму поради овие стравови, си ја расипувате врската со партнер кој веќе ве разбира.

Риби

Поради вашата гордост, по караница со партнерот можете да плачете цела ноќ, но никако нема да му одговорите на пораките и повиците, само за да му одржите лекција.

Вие ги сфаќате работите премногу лично, а не му ни дозволувате на партнерот да ви објасни дека не сакал да ве повреди.

Премногу сте заштитнички настроени кон себе, а со ова го оддалечувате партнерот од вас бидејќи од негова перспектива изгледа како незаинтересираност.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg