Што ве прави ужасен партнер, според хороскопскиот знак?

Стрелците се однесуваат како да се сингл дури и кога се во сериозна врска, а Лавовите никогаш не ги признаваат своите грешки – што ве прави ужасен партнер, според вашиот хороскопски знак?

shto-ve-pravi-uzhasen-partner-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Сите си имаме по некоја мана која ни создава проблеми во љубовните врски.

Но, ако сме свесни за оваа негативна карактеристика, ќе можеме да почнеме да работиме на неа.

Која е карактеристиката поради која вие сте лош партнер, според хороскопскиот знак?

Овен

Вие постојано барате предизвици и иако некогаш ова е добро, некогаш ве тера и да мислите дека стабилните врски се здодевни.

Вие сакате партнерот постојно да ве изненадува (дури и непријатно) и постојано да има некаква возбуда во врската.

Во спротивно, брзо ќе го изгубите интересот, па ќе почнете да барате нов партнер, односно нов предизвик.

Бик

Вие можете да ја следите само вашата рутина бидејќи не сте воопшто флексибилни. Поради ова, тешко можете да се адаптирате на заеднички живот со партнер.

Вие сакате партнерот да го планира своето време според вашиот распоред и во овој случај никогаш не би се согласиле на компромис.

Сакате сè да биде по ваше и никогаш не попуштате.

Близнаци

Ако на партнерот почне да му пречи вашата смисла за хумор, особено сарказмот, вие брзо ќе изгубите интерес.

Факт е дека некогаш вашите шеги можат да бидат навредливи, а ако на партнерот не му се допаѓа ова, не ни помислувате да го коригирате вашето однесување.

Вие сакате партнер кој ќе се смее на секоја ваша (злобна) шега и ако не го исполнува овој услов, без двоумење ќе го оставите, без разлика за колку добра личност станува збор.

Рак

Вам ви е многу попријатно кога сте сами дома со партнерот и гледате некоја серија, играте некоја игра или само разговарате.

Ова е во ред, но проблемот е што не прифаќате ништо друго.

Односно, ако партнерот е дружељубива личност која сака да излегува, вие нема ни да се потрудите да излезете со него.

Уште полошо е што му замерувате на партнерот кога ќе излезе сам бидејќи не успеал да ве убеди да одите со него.

Лав

Вие не сте способни да ги воочите вашите недостатоци и убедени сте дека секогаш сте во право.

Истовремено, не знаете да прифатите критика, па кога партнерот ќе ви посочи некоја, само се расправате и не ни размислувате дали можеби е во прво.

Вие секогаш го обвинувате партнерот наместо да се осврнете и на вашите постапки и, доколу треба, да се извините.

Девица

Неретко, вие не сте воопшто искрени во врска со вашите чувства.

Сакате да докажете дека сте силна личност, па ги криете сите емоции.

Проблемот е што кога молчите за големите проблеми, кога-тогаш ќе „експлодирате“ за некоја ситница.

Наместо да ги решавате проблемите, вие ги чувате во себе, а ова секогаш кулминира со ужасна караница со партнерот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...

Најчитани неделава