Уникатни и рачно изработени подароци за Валентајн, од македонски мали бизниси

Рачно плетен приврзок срце, брошеви со љубовни симболи, персонализирана книга која со секоја страница ја раскажува вашата љубовна приказна, магична коцка, рачно изработен накит и уште многу други креативни подароци за партнерот, од македонски мали бизниси. 

unikatni-i-rachno-izraboteni-podaroci-za-valentajn-od-makedonski-mali-biznisi-01.jpg

Ако не сте од оние кои сакаат клише подароци, ниту пак да си прават преголеми трошоци за Денот на вљубените, а сепак сакате да го одбележите денот, овие креативни идеи се идеални за вас. 

Македонските мали бизниси нудат низа подароци за вашата сакана личност, па зависно вашиот стил, одберете што најмногу би подариле на саканата личност на 14-ти февруари. 

Од персонализирани шолји за љубители на кафе, до уникатен накит за девојки со стил или поинаков начин да подарите фотографија или слатко задоволство, можности има за секого. 

Погледнете неколку идеи во продолжение за подарок за Валентајн:

Рачно плетен срце приврзок или печатени чаши и шишиња за вода, пепелници и други додатоци со љубовни симболи од allegra4you

Рачно изработени слики од преплетени раце, плетени срца со фотографија и корпи со цвеќе, чоколади и натписи од vinozito.handmade

Златна роза спакувана во уникатна кутија од две срца, бонбониера спакувана на најуникатниот начин што кажува „те сакам“ или уникатно Galaxy мече од galaxygoldenrose

Кликнете на објавата за да го погледнете видеото: 

Рачно изработени брошеви во форма на срца, љубовни писма, теглички со љубов и панделки од merrily.mk

Магична дрвена коцка, која преку ваши фотографии раскажува љубовна приказна од podarok.kocka

Кликнете на објавите за да ги погледнете видеата: 

Персонализирана книга која раскажува „приказна за вас“ со секоја страница или уникатни рамки со ваши моменти од creativelovemk

Кликнете на објавите за да ги погледнете видеата: 

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...

Најчитани неделава