Ретро тастатура за вечните носталгичари

Некои од вас сигурно низ домот сѐ уште ги чуваат оние вредни предмети од минатото кои ви ги будат повеќето спомени.

retro-tastatura-za-vecnite-nostalgicari1

Меѓу нив спаѓаат старата машина за чукање, грамофонските плочи, часовници на навивање и уште многу ситници кои денес не ги употребуваме.

Сведоци сме на различните модни парчиња кои во минатото беа популарни, а денес повторно чекорат по модните писти. Но, тоа не се случува само кај модната индустрија, туку и кај модерната технологија.

Ако повторно посакувате да работите на машина за чукање, сега можете да набавите иста таква тастатура која ќе ви ги освежи спомените.

Оваа ретро тастатура доволно е да ја приклучите за вашиот таблет или компјутер преку УСБ приклучок и таа ги има истите опции како и обичната, модерна тастатура.

Оваа модерна тастатура, го носи името „Qwerkywriter” и одлична е за сите оние кои сакаат да го почувствуваат пишувањето од минатото или да ја освежат својата меморија.

 Погледнете го краткото инспиративно видео околу создавањето на оваа ретро тастатура:

Би можело да ве интересира:

„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни ... „Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачува...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...
Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео... Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓ...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава